Connect with us

Македонија

Демократски Сојуз: Ќе се формира МАКЕДОНСКИ ФБИ за борба против тешките облици на криминал и висока корупција

Avatar

Published

на

„ Криминалот ги разорува институциите и го кочи демократскиот развој на државата. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме. Криминалот е навлезен во сите пори на општественото живеење. Народот не може да создаде толку колку што власта може да растури и украде“, рече пратеникот Павле Трајанов, предлагач на законот за Агенција за борба против тешките облици на криминал и висока корупција на трибина „Системски реформи – борба против организираниот криминал“.

Со законот се предвидува формирање на независна Агенција, која ќе открива тешки кривични дела од организиран криминал, ќе го открива криминално стекнатиот имот на политичарите, ќе предлага конфискација на имот и забрана за политичко дејствување.

„Заеднички се оценките дека Македонија и натаму се криминализира, дека отсуствува политичка волја за ефикасна  борба против криминалот, дека не функционира имунолошкиот систем во државата, а последица е целосна ерозија на институциите на државата. Криминалот полека но сигурно ни ја јаде државата, поради тоа што никогаш досега не постоела вистинска определба кај власта за ефикасна борба против организираниот криминал и високата корупција. Најопасен е институционалниот криминал поради кој ниту една реформа не може да се постави на системски основи. Проектот ДЕКРИ го подготвивме во 2005 година, но сите влади досега одбиваа да го имплементираат. Законот за Агенција за борба против тешките облици на организиран криминал и високата корупција е само еден дел од проектот ДЕКРИ, со кој се објавува фронтална војна на институционалниот криминал и високата корупција, со единствена цел, да се пресече во корен ова зло“, рече пратеникот Трајанов.

„Моторот на организираниот криминал е партизацијата на општеството, бидејќи партиите освен реторика, немаат никаква намера нешто конкретно да понудат во оваа област“, истакна професорот од Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев. Како што нагласи, голем проблем во државата се институциите кои го откриваат криминалот, бидејќи статистиките покажуваат многу низок степен на реализација. Оттаму, добредојдена е секоја иницијатива која предвидува формирање независен орган за откривање криминал, истакна Калајџиев.

Слаѓана Тасева од Транспаренси Интернешнл смета дека досега не се покажани резултати во борбата против организираниот криминал. Проблемот на политизација на институциите и понатаму постои. Смета дека треба да се побара соодветно решение за системот со цел справување со висока корупција. Според нејзиното мислење, слаба точка се судовите. Потенцира дека сега е вистинското време да се направи сериозен исчекор, инаку и понатаму ќе се соочуваме со неуспех. Очигледно е дека работите остануваат непроцесирани, а сторителите остануваат неказнети, потенцира Тасева.

Владимир Георгиев од ДКСК укажа дека борбата против корупција треба да зајакне, но прашањето е дали за тоа треба формирање ново тело или да се зајакнат постоечките институции.Потенцира дека постојат доволно слабости поради кои никогаш нема да има доволно органи и капацитети за проблемите проврзани со корупција.

Според Новинарот Саше Димовски, неопходно ќе биде сериозна политичка волја за реализација на овој проект. Доколку тоа се обезбеди, судството ќе мора да го следи во чекор, бидејќи без суштински реформи во судството и обвинителството, може да се случи да добиеме уште една институција заглавена во системот.

Заклучувајќи ја трибината, пратеникот и претседател на ДС, Павле Трајанов, меѓу другото, нагласи и дека во расправата во парламентот многу јасно ќе се види кој е за вистинска борба против криминалот, кој пред се го прави власта. Ние ја почнавме оваа „војна“, придружете се ако сакате да имате држава во која ќе владеат законите, а младите ќе создаваат овде во Македонија.

Македонија

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Avatar

Published

на

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.

Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.

Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.  

Прочитај повеќе

Македонија

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Avatar

Published

на

Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.

„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Прочитај повеќе

Македонија

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Avatar

Published

на

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.

МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Прочитај повеќе