Невен за кожата, мајчина душица за кашлица и бронхитис: Седум билки за вашата домашна аптека, оздравете природно!
СЕКОЈА
домашна аптека треба да содржи и лековити билки.
Тоа е најприродниот начин да се надминат многу здравствени проблеми. Без разлика дали сами одгледувате лековити билки или ги купувате од аптека или овластен билкар, ова се растенија кои дефинитивно треба да ги имате во вашиот дом. Ова е особено важно во сезоната на инфекции, кога топла шолја билен чај може да ви помогне да дишете или да ја смирите болката во грлото.
Невен: Исушениот цвет од невен содржи етерични и масни масла, каучук, смоли и разни каротеноидни бои, слузи, шеќери, белковини, фитостероли, салицилна киселина, ензими и разни соли.
Невенот се користи за надворешна и внатрешна употреба, во народната и во научната медицина. Невенот е благ антисептик. Во облик на чај, тинктура или маст/маслен гел се употребува за подобрување на симптомите кај некои кожни заболувања, особено импетиго, благодарение на противвоспалителното и епителизирачкото делување на активните состојки. Поради овие дејства, чајот подготвен од сушени цветови од невен се препорачува за олеснување на воспалителни процеси на кожата, перутав лишај, изгореници, лузни, убоди од инсекти и заздравување на површински рани. Чајната мешавина од цвет од невен, бозел, липа, црн слез и лаванда ги смирува симптомите на настинка, како што се: треска, зголемена температура, кашлица. Топол чај подготвен од овие билки предизвикува потење и детоксикација на организмот, со што значително допринесува за подобрување на симптомите.
Нане:
Шолја
чај направена од грст листови нане го смирува вознемирениот стомак, ја ублажува
болката или ги намалува гасовите. Кога одите на пат, земете со себе неколку
гранчиња нане. Повремено мирисајте ги за да спречите гадење и повраќање
предизвикани од возењето. Лапа направена од листови од нане може да го ублажи
чешањето или горењето поради алергии или разни воспалителни состојби.
Мајчина
душица:
Најважната
употреба на мајчина душица е за инфекции на респираторниот тракт. Екстрактот од
мајчина душица се зема орално за ублажување на бронхитис, конгестија на градите
и рапава кашлица. Лажичка екстракт од мајчина душица измешана во ист сооднос со
мед може да се даде во поделени дози на многу мали деца.
Рузмарин:
Долго
време се сметаше дека рузмаринот е добар за помнењето и поттикнува подобра
меморија, а неодамна тоа го потврдија и некои студии. Се покажа дека
карнозинската киселина од рузмарин спречува оштетување на мозокот и
невродегенерација на хипокампусот предизвикана од бета-амилоидните пептиди.
Овие пептиди се јавуваат кај Алцхајмерова болест. Друга студија потврди дека
маслото од рузмарин ја подобрува когнитивната функција и го забавува стареењето
на мозокот. Неговиот потенцијал во лекувањето на ракот исто така ветува.
Камилица:
Една
или две лажици камилица треба да ја смири колика кај бебињата и да ја олесни
колика кај малите деца. Можете да го користите и како гаргара за да ги смирите
чиревите во устата или да направите бања за кожата погодена од егзема.
Жалфија:
Од жалфијата се користи исклучиво листот. Најлековит лист се добива кога жалфијата почнува да цвета, а тоа е најчесто во мај. Листот се бере, се суши и се чува внимателно. Главната лековита состојкка на листот од жалфија е испарливото миризливо етерично масло, што е содржано од 1,5 до 2,5%. Лековитоста на листот потекнува од танинот. И горките материи во жалфијата делуваат лековито.
Жалфијата е дел од големиот број лекови кои се употребуваат за плакнење на устата и грлото, бидејќи содржи корисни и безопасни средства кои ја зајакнуваат слузокожата (танинот) и делуваат антисептично (етеричното масло).
Пред откривањето на антибиотиците, жалфијата со векови била користена во форма на чај против потење кај болните од туберкулоза, бидејќи го намалува лачењето на потните жлезди. Чајот и другите лекови направени од жалфија се користат и за јакнење на организмот.
Чајот од лист од жалфија може да ги ублажи симптомите поврзани со ПМС и менопауза. Вдишувањето на пареата од растворот на жалфија може да ги ублажи респираторните проблеми, вклучително и астмата. Го намалува прекумерното потење и саливација.
Лаванда:
Искористете ги максимално од антисептичките и антибактериските својства на лавандата така што ќе ја натопите лавандата во вода и потоа ќе ја користите за миење на лицето или оштетената кожа. Може да ја исчисти кожата од акните и да го забрза зараснувањето на раните.