Здравје
Невен за кожата, мајчина душица за кашлица и бронхитис: Седум билки за вашата домашна аптека, оздравете природно!
Објавено на
Од
Media Press
СЕКОЈА домашна аптека треба да содржи и лековити билки.
Тоа е најприродниот начин да се надминат многу здравствени проблеми. Без разлика дали сами одгледувате лековити билки или ги купувате од аптека или овластен билкар, ова се растенија кои дефинитивно треба да ги имате во вашиот дом. Ова е особено важно во сезоната на инфекции, кога топла шолја билен чај може да ви помогне да дишете или да ја смирите болката во грлото.
Невен: Исушениот цвет од невен содржи етерични и масни масла, каучук, смоли и разни каротеноидни бои, слузи, шеќери, белковини, фитостероли, салицилна киселина, ензими и разни соли.
Невенот се користи за надворешна и внатрешна употреба, во народната и во научната медицина. Невенот е благ антисептик. Во облик на чај, тинктура или маст/маслен гел се употребува за подобрување на симптомите кај некои кожни заболувања, особено импетиго, благодарение на противвоспалителното и епителизирачкото делување на активните состојки. Поради овие дејства, чајот подготвен од сушени цветови од невен се препорачува за олеснување на воспалителни процеси на кожата, перутав лишај, изгореници, лузни, убоди од инсекти и заздравување на површински рани. Чајната мешавина од цвет од невен, бозел, липа, црн слез и лаванда ги смирува симптомите на настинка, како што се: треска, зголемена температура, кашлица. Топол чај подготвен од овие билки предизвикува потење и детоксикација на организмот, со што значително допринесува за подобрување на симптомите.
Нане:

Шолја чај направена од грст листови нане го смирува вознемирениот стомак, ја ублажува болката или ги намалува гасовите. Кога одите на пат, земете со себе неколку гранчиња нане. Повремено мирисајте ги за да спречите гадење и повраќање предизвикани од возењето. Лапа направена од листови од нане може да го ублажи чешањето или горењето поради алергии или разни воспалителни состојби.
Мајчина душица:

Најважната употреба на мајчина душица е за инфекции на респираторниот тракт. Екстрактот од мајчина душица се зема орално за ублажување на бронхитис, конгестија на градите и рапава кашлица. Лажичка екстракт од мајчина душица измешана во ист сооднос со мед може да се даде во поделени дози на многу мали деца.
Рузмарин:

Долго време се сметаше дека рузмаринот е добар за помнењето и поттикнува подобра меморија, а неодамна тоа го потврдија и некои студии. Се покажа дека карнозинската киселина од рузмарин спречува оштетување на мозокот и невродегенерација на хипокампусот предизвикана од бета-амилоидните пептиди. Овие пептиди се јавуваат кај Алцхајмерова болест. Друга студија потврди дека маслото од рузмарин ја подобрува когнитивната функција и го забавува стареењето на мозокот. Неговиот потенцијал во лекувањето на ракот исто така ветува.
Камилица:
Една или две лажици камилица треба да ја смири колика кај бебињата и да ја олесни колика кај малите деца. Можете да го користите и како гаргара за да ги смирите чиревите во устата или да направите бања за кожата погодена од егзема.

Жалфија:
Од жалфијата се користи исклучиво листот. Најлековит лист се добива кога жалфијата почнува да цвета, а тоа е најчесто во мај. Листот се бере, се суши и се чува внимателно. Главната лековита состојкка на листот од жалфија е испарливото миризливо етерично масло, што е содржано од 1,5 до 2,5%. Лековитоста на листот потекнува од танинот. И горките материи во жалфијата делуваат лековито.
Жалфијата е дел од големиот број лекови кои се употребуваат за плакнење на устата и грлото, бидејќи содржи корисни и безопасни средства кои ја зајакнуваат слузокожата (танинот) и делуваат антисептично (етеричното масло).
Пред откривањето на антибиотиците, жалфијата со векови била користена во форма на чај против потење кај болните од туберкулоза, бидејќи го намалува лачењето на потните жлезди. Чајот и другите лекови направени од жалфија се користат и за јакнење на организмот.
Чајот од лист од жалфија може да ги ублажи симптомите поврзани со ПМС и менопауза. Вдишувањето на пареата од растворот на жалфија може да ги ублажи респираторните проблеми, вклучително и астмата. Го намалува прекумерното потење и саливација.

Лаванда:
Искористете ги максимално од антисептичките и антибактериските својства на лавандата така што ќе ја натопите лавандата во вода и потоа ќе ја користите за миење на лицето или оштетената кожа. Може да ја исчисти кожата од акните и да го забрза зараснувањето на раните.

Поврзани содржини

Еве зошто не треба да се става парче лимон во пијалак

Српска нутриционистка ги побива теориите за здравата исхрана: „Чварките и сланината се запишани во нашиот генетски код, а не авокадото“

КЛУЧНО РАСТЕНИЕ ЗА ИМУНИТЕТ: Ѓумбирот е вистински чувар на здравјето!

ЗОШТО СЕ БУДИТЕ СО ГЛАВОБОЛКА? Овие причини можат да бидат резултат на лоши навики, но и сериозни нарушувања!

ПРОВЕРЕТЕ ГО РИЗИКОТ ОД МОЗОЧЕН УДАР: Едноставен тест кој можете да го направите сами!

ВЕ БОЛАТ СИНУСИТЕ? Пет ефикасни начини за ублажување на болката!
Здравје
Предупредувачки знаци на заборавеност
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите изјавија дека ако некое лице не може да се сети дури и на едноставни зборови, тоа е веќе причина за загриженост
Благите паузи во меморијата, како на пример бавно сеќавање на имиња или некои детали можат да се случат и на возраст помеѓу 30-40 години, но тоа станува очигледно по 50-60 години.

Експертите предупредуваат дека треба да се вклучи алармот кога заборавеноста почнува да се случува во секојдневниот живот. Заборавеност, дезорентација на познати места и тешкотии при изнаоѓање вообичаени зборови.
Стресот, недостаток на сон или депресија можат да влијаат на меморијата. Недостатокот на витамини Б12 или Д, како и од дисфункција на тироидната жлезда може да предизвика слични симптоми.
Во таков случај важно е веднаш да се консултирате со невролог, кој ќе ја процени вашата когнитивна функција во целост и здравјето.
Здравје
ЗОШТО ТРЕБА ДА ОДИТЕ 100 ЧЕКОРИ ПО ЈАДЕЊЕТО
Published
4 недели agoна
октомври 22, 2026By
Media Press
Експертите наведуваат дека 100 чекори по јадењето му помагаат на телото подобро да ја апсорбира гликозата и да ја одржува активноста без интензивни вежбања.
Редовно одење помага во согорувањето на енергијата, го ублажува чувството на тежина по јадење и ве одржува во форма.
Подобра апсорпција и контрола на гликозата (Шеќерот во крвта)
- Мускулна апсорпција: Кога јадеме, нивото на гликоза во крвта се зголемува. Кога мускулите се соодветно активирани (дури и со лесно одење), тие почнуваат да ја влечат гликозата од крвта за да ја користат како енергија.
- Помало оптоварување на панкреасот: Овој процес се случува независно или со помала потреба од инсулин, што го спречува наглиот скок на шеќерот во крвта (glycemic spikes) и го намалува заморот што често се јавува по јадење.
2. Поддршка на дигестивниот систем
- Краткото и лесно движење ја стимулира перисталтиката (кревањето и работата на цревата), што помага храната побрзо и поефикасно да се преработи.
- Го намалува чувството на подуеност, тежина во стомакот и ризикот од појава на киселини (рефлукс).
3. Лесна активност без замарање
- За разлика од интензивниот тренинг (кој не се препорачува веднаш по оброк бидејќи ја пренасочува крвта од дигестивниот систем во големите мускули), лесното чекорење не го оптоварува стомакот, а сепак го одржува метаболизмот активен.
Дали 100 чекори се доволни?
Иако 100 чекори се одличен начин да се прекине долгото седење веднаш по јадење, повеќето здравствени студии покажуваат дека најоптимални резултати за намалување на шеќерот во крвта се постигнуваат со:
- 2 до 5 минути лесно одење (што изнесува околу 250 – 500 чекори);
- Идеално во рок од 30 до 60 минути по оброкот, кога нивото на шеќер во крвта го достигнува својот пик.
Здравје
Еве зошто не треба да се става парче лимон во пијалак
Published
9 месеци agoна
февруари 18, 2026By
Media Press
Кришка лимон во чаша вода или во некој друг пијалак е вообичаена работа. Меѓутоа, дали некогаш сте помислиле дека притоа внесувате многу повеќе материи во својот организам и тоа непосакувани?
Во текот на истражувањето кое го спроведе Journal of Environmental Health истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетиле 43 пати.
Откриле дека дури 70 отсто од кришките лимони содржат микроорганизми.
Примероците ги земале откако пијалакот бил послужен, значи пред да се испие или некој друг физички контакт. За потеклото на микробите научниците можеле само да шпекулираат.
– Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на неисечен лимон.
Сопствениците на рестораните и кафулињата треба да бидат свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми – се наведува во студијата.
Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот сектор НЅУ Лангон, спроведе десетина слични истражувања.
Откри дека дури половина од лимоновите кришки се загадени со човечки фекалии поради директен допир со прстите.
Имено, забележал дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а потоа ја допирале храната и лимонот без ракавици и без претходно да ги измијат рацете.
На лимонот можат да се пренесат бактерии и ако не се измијат рацете по одење во тоалет, кивање или кашлање.
Тиерно вели дека постои можност комзументот да се разболи поради тоа, но тврди дека не постои голем ризик.
Слични микроби најдени се и во шишенцата за сол, бибер, масло и кечап, како и на приборот за јадење.
Извор: https://denar.mk/42373

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

