Connect with us

Свет

Загадувањето на воздухот се уште е проблем во ЕУ

Avatar

Published

на

Последните податоци покажуваат дека голем број земји-членки на Европската унија се уште ги надминуваат законски дозволените граници за емисија на загадувачки материи во воздухот. Како и во претходните години, 2012 година беше најчесто прекршена граница за азотни оксиди, која ја надминаа девет членки на Европската унија, соопшти Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Патниот сообраќај најмногу придонесува за загадувањето на воздухот со азотни оксиди. Луксембург е единствената членка на ЕУ која проби две граници. Сепак, на ниво на ЕУ, емисијата на четирите водечки загадувачи на воздухот во 2012 година беше намалена.

      Според Европската директива за национални граници на емисии, членките на ЕУ имаат свои граници на емисија за четири загадувачи: сулфур диоксид (SO2), азотни оксиди (NOx), амонијак (NH3) и неметан испарливи органски соединенија (NMVOC).

      Првите анализи на официјалните податоци покажаа дека во 2012 година 11 земји-членки надминале најмалку една граница во споредба со десет земји во 2011 година.

      Патниот сообраќај е одговорен за околу 40% од вкупната емисија на азотни оксиди во ЕУ и е еден од водечките фактори зад голем број случаи на надминување на емисијата на азотни оксиди.

      Статистиката покажува дека намалувањето на емисиите на азотни оксиди од страна на секторот за патен транспорт во последните две децении не е толку големо како што се предвидуваше.

      „Загадувањето на воздухот е сè уште многу сериозен проблем, само погледнете ја високата концентрација на загадување забележана неодамна во големи делови од Западна Европа. Треба да ја поправиме ситуацијата со дополнително намалување на емисиите. Новата технологија и практика можат да помогнат, но треба да ги охрабриме поединците да преземеме акција, на пример, да охрабруваме алтернативи за користење автомобил“, рече директорот на Агенцијата Ханс Бруининккс.

Емисиите на загадувачи се уште се намалуваат

      Данска и Финска ги надминаа границите за амонијак, а Луксембург беше единствениот кој го „скрши плафонот“ со емисијата на испарливи органски соединенија што не се метан. Луксембург е, исто така, единствената членка на ЕУ што прекршила две граници во 2012 година, за NMVOC и азотни оксиди.

      Податоците од Европската агенција за животна средина покажуваат и дека 27 членки на ЕУ (со исклучок на Хрватска, која се приклучи на ЕУ во 2013 година) ги почитувале границите за сулфур диоксид.

      Неколку земји-членки постојано имаат проблем со националните лимити на емисија и на пр. Австрија, Белгија, Франција, Германија, Ирска, Луксембург и Шпанија ги прекршија границите за азотни оксиди во 2010, 2011 и 2012 година.

      Во исто време, Данска и Финска ја надминаа границата за емисија на амонијак три последователни години.

      И покрај прекршувањето на утврдените законски граници, емисијата на сите четири загадувачи на воздухот на ниво на ЕУ беше намалена во 2012 година.

Нови цели

      Во последните децении, квалитетот на воздухот е подобрен, но сè уште има проблеми во многу делови на Европа каде што жителите на градовите се изложени на загадување на воздухот што ги надминува стандардите препорачани од Светската здравствена организација.

      Во декември 2013 година, Европската комисија предложи нов пакет политики за чист воздух по прегледувањето на сегашните политики. Една цел на пакетот е да се осигура дека земјите се усогласени со сегашните регулативи до 2023 година, а друга е да се намалат долгорочните ефекти од загадувањето на воздухот.

      Тој пакет исто така предложи измена на Директивата за националните граници на емисии со нови цели за периодот до 2020 година и до 2030 година за четири загадувачи, како и нови цели за уште две загадувачи – ситни честички (PM2,5) и метан ( CH4).

прикажи повеќе
Advertisement

Свет

Голем мост се урна во Балтимор, Мериленд, откако во него удри брод

Avatar

Published

на

ВИДЕО: Во Балтимор голем мост се урна откако во него удри брод, на мостот имало автомобили, пренесоа американските медиуми.

Мостот Френсис Скот во Балтимор се урна рано утрово откако во него удри голем брод, покажуваат видео снимки од надзорна камера. Целиот сообраќај се одвива по заобиколен пат, соопшти Транспортната управа на Мериленд (МТА) и засега не е јасно дали има повредени.

Си-Ен-Ен побара дополнителни информации од противпожарната служба на градот Балтимор, но сè уште нема детали. Мостот со четири ленти, долг 1,6 километри, се протега преку реката Патапско и служи како најоддалечен пристанишен премин во Балтимор и суштинска врска на меѓудржавниот пат 695 во Балтимор.

Прочитај повеќе

Свет

Како Еди Рама го пречека украинскиот претседател Володомир Зеленски, во Албанија (Видео)

Avatar

Published

на

Албанскиот премиер Еди Рама го пречека претседателот на Украина, Володомир Зеленски, кој учествува на првиот самит на Југоисточна Европа и Западен Балкан со Украина.

Ова е прва посета на украинскиот претседател во овој дел на Европа откако почна војната во Украина.

Прочитај повеќе

Свет

Објавена листа на најдобри градови за живеење во 2023

Avatar

Published

на

Списокот е направен врз основа на условите за живот во 173 градови во пет категории: стабилност, здравствена заштита, култура и животна средина, образование и инфраструктура.

Судејќи според ситуацијата на листата, а во споредба со претходните години, најмногу закрепнале градовите во азиско-пацифичкиот регион. Индексот, исто така, сугерира дека животот во градовите е малку подобар од кој било момент во последните 15 години.

Порастот главно доаѓа од подобрувањата во здравствената заштита и образованието низ Азија, Блискиот Исток и Африка, дури и кога резултатите од стабилноста се задржаа поради граѓанските немири во услови на зголемена загриженост за трошоците за живот ширум светот и континуираните конфликти во градовите како Киев. . Крајот на пандемските ограничувања низ светот, исто така, ја подобри културата бидејќи настаните и атракциите се вратија.

Првиот град на листата на најдобри места за живеење во 2023 година е Виена. На австриската престолнина не му е непознато првото место на индексот на услови за живот, само накратко го изгуби признанието во 2021 година кога затворањето на пандемијата ги погоди музеите и рестораните. Со совршени резултати во стабилноста, здравството, образованието и инфраструктурата, Виена го зазеде првото место. Втор на листата е Копенхаген, од Данска.

Мелбурн и Сиднеј го вратија своето рангирање (трето и четврто соодветно) во топ 10 по падот на индексот за време на пандемијата на коронавирус, што го „затегна“ здравствениот систем на Австралија и резултираше со долги заклучувања. Мелбурн особено го постигна највисокиот резултат во земјата за културата и животната средина.

Прочитај повеќе