Connect with us

Василево

Општина Василево и општина Согут, Р.Турција, потпишаа акт за збратимување

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и градоначалникот на општина Согут, Република Турција, Исмет Север, денес, во кабинетот на градоначалникот на општина Василево,  потпишаа акт за збратимување на двете општини.

Во документот меѓу другото стои дека ваквиот чин има заедничка цел за зголемување на соработка во областа на  културата,  економијата, социјалната заштита и урбанизмот, со намера за реализација на заеднички активности.

Намерата е во интерес на граѓаните од двете општини да се развие дијалог и да се зацврсти соработката. Да се разменуваат искуства и преку реализирање на заеднички активности, делувајќи во атмосфера на доверба и дух на солидарност да се придонесе за заеднчки развој.

„Ова е прво збратимување на општина Василево. Досега сме имале соработка со повеќе општини како од Р.Турција и други држави, но денес за прв пат ваквата соработка е официјализирана со потпишување на акт за збратимување.  Како што стои и во официјалниот акт намерата е двете општини, за доброто на нашите сограѓани да реализираме заеднички активности и проекти кои ќе придонесат за зближување на граѓаните и подобрување на условите во одредени области во кои како локални самоуправи имаме надлежност“, е ставот на градоначалникот на општина Всилево, Славе Андонов во врска со денешното потпишување на актот за збратимување на општина Василево со општина Согут, Р.Турција.

Василево

Прием на првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“ во Детската организација

Avatar

Published

на

Денес, првачињата од ООУ „Атанас Нивичански“, Нова Маала, на свечена церемонија беа примени во Детската организација. Сложно, во еден глас повторувајќи ги  зборовите од  Заветот по својата директорка, ветија дека ќе ги почитуваат наставниците, ќе ги решаваат зададените задачи и ќе се дружат со другарчиња во училишниот двор, притоа искрено, детски барајќи прошка за направените грешки.

Честитки по тој повод им упатија директорката на училиштето Марија Костуранова и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој во своето обраќање им вети континуитет во подобрување на условите во кои ќе се одвива нивното образование, бидејќи како што кажа тие се нашата иднина во која е неопходно постојано вложување.

Добредојде во најголемото детско семејство- Детската организација, со специјално подготвена училишна програма им посакаа и нивните повозрасни другарчиња.

Според информација од директорката, во ООУ „Атанас Нивичански,“, во учебната 2023/2024 година запишани се вкупно 36 првачиња.

Прочитај повеќе

Василево

Прекин на сообраќајот на локалниот пат Стар пат Василево- Пиперево

Avatar

Published

на

Општина Василево Ве информира дека поради изведување на градежни работи односно  пополнување на дупките со бетон  на локалниот пат Стар пат Василево – Пиперево, во текот на денешниот ден, 25.09.2023 година (понеделник) истиот нема да може да се користи.

„Сите оние кои во текот на денешниот ден ќе имаат потреба од користење на овој пат, ги замолуваме да ги користат алтернативните патишта. Имајќи го предвид крајниот бенефит од реализацијата на оваа активност, општина Василево очекува фер однос и разбирање од засегнатите учесници во сообраќајот“, стои во соопштението од Општина Василево.

Прочитај повеќе

Василево

Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево

Avatar

Published

на

Синоќа во населеното место Пиперево заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче 2023 година, кој и годинава се одржа под покровителство на општина Василево. Во конкуренција од вкупно 14 екипи победник беше екипата на Спорт лајф, кои во финалето со резултат од 4:2 ја совладаа екипата на Вики маркет.

Во дуелот за третото место екипата на Алуметал Стил ги совлада ривалите од К1 и се пласираше на третото место.

Организаторот имаше обезбедено парични награди за најдобрите екипи и тоа: 40 000 денари за прво пласираните, 20 000 денари за вторите, 10 000 денари за третопласираните и 10 000 денари за четвртите.

На турнирот беа прогласени и наградени и најдобрите поединци: Игор Гонев од Вики маркет за најдобар голман  доби дрес, Трајче Димитров  од екипата на Спорт лајф  за најдобар играч и Никола Радојчиќ од екипата на Алуметал стил за најдобар стрелец. За нив организаторот имаше обезбедно фудбалски топки.

На турнирот натпревар одиграа и две екипи во јуниорска категорија и тоа ФК Единство и Агро Глобал и двете од населеното место Пиперево, кои, според зборовите на организаторот се иднината и продолжувачите на овој традиционален Турнир. За нив беа обезбедени  медали.

„Чинот на моето присуство на турнирот е најдобриот показател за мојот и односот на општина Василево кон поддршката на спортот во општина Василево и негувањето на спортскиот дух, а со тоа и промоцијата на спортот меѓу младите на  општина Василево,“, изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој присуствуваше на Турнирот.

Меморијалниот Турнир Ч’крче се одржува во во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов –  Ч’крче од населенто место Пиперево. Турнирот започнува на празникот Петровден.

Прочитај повеќе