Василево

Пристапните патеки во училишниот двор во Владевци, комплетно завршени

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево Дејан Стојанов,  денеска беа во посета на подрачното училиште во с. Владевци, каде извршија увид во штотуку завршената активност- изградба на две пристапни бекатонски патеки  од влезот во дворот до влезовите во училишната зграда.

Градоначалникот Андонов изрази задоволство од крајниот резултат: „Како што беше планирано, со почетокот на второто полугодие, двете пристапни патеки кои водат од улицата до влезовите во училишната зграда во с. Владевци се комплетнмо завршени. Периодот додека децата беа на распуст беше искористен да се завршат сите планирани активности, односно ископ и адаптирање на теренот, тампонирање, бетонирање  и поставување на бекатонските плочки, така што учениците второто полугодие го започнаа во подновен и разубавен училишен двор“.

Од резултатот задоволен е  и директорот на  ООУ „Гоце Делчев“, Дејан Стојанов, во чиј состав е и ова подрачно училиште: „Во рамките на нашите  можности како училиште, преземаме  активности со кои ги подобруваме условите во кои се одвива наставата, независно дали тоа е директно поврзано со одвивањето на наставниот процес или пак како во овој случај со инфраструктурни зафати за подобрување на училишната инфраструктура.

Вкупната површина на двете бекатонски патеки изнесува 85 м2, средствата се обезбедени од училштето.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago