Василево
Пристапните патеки во училишниот двор во Владевци, комплетно завршени
Published
4 месеци agoна
By
Media Press
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Василево Дејан Стојанов, денеска беа во посета на подрачното училиште во с. Владевци, каде извршија увид во штотуку завршената активност- изградба на две пристапни бекатонски патеки од влезот во дворот до влезовите во училишната зграда.
Градоначалникот Андонов изрази задоволство од крајниот резултат: „Како што беше планирано, со почетокот на второто полугодие, двете пристапни патеки кои водат од улицата до влезовите во училишната зграда во с. Владевци се комплетнмо завршени. Периодот додека децата беа на распуст беше искористен да се завршат сите планирани активности, односно ископ и адаптирање на теренот, тампонирање, бетонирање и поставување на бекатонските плочки, така што учениците второто полугодие го започнаа во подновен и разубавен училишен двор“.
Од резултатот задоволен е и директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Дејан Стојанов, во чиј состав е и ова подрачно училиште: „Во рамките на нашите можности како училиште, преземаме активности со кои ги подобруваме условите во кои се одвива наставата, независно дали тоа е директно поврзано со одвивањето на наставниот процес или пак како во овој случај со инфраструктурни зафати за подобрување на училишната инфраструктура.
Вкупната површина на двете бекатонски патеки изнесува 85 м2, средствата се обезбедени од училштето.

Поврзани содржини
Во населеното место Сушево се асфалтира улица
Во недела ќе се одржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“
Општина Василево склучи меморандум за соработка, за реализација на Проект на УСАИД
ООУ „Гоце Делчев“, Василево го одбележа патрониот празник
Потенцијалите на општина Василево, презентирани пред дипломатскиот кор
Започна изградбата на фекална канализација во Василево, проект долгоочекуван од граѓаните
Василево
Во населеното место Сушево се асфалтира улица
Published
1 недела agoна
мај 30, 2023By
Media Press
Општина Василево денеска асфалтира улица во село Сушево која претставуваше деценисики проблем на граѓаните.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, денес беше во населеното место Сушево, каде присуствуваше на асфалтирањето на улицата чија изградба деновиве се одвиваше во континуитет.
Изградбата на оваа улица е планирана со Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година.
Улицата е со должина од 75 метри и ширина од околу 3,5 метри односно асфалт од 275 м2. Лоцирана е на почетокот од населеното место и ги поврзува жителите кои живеат покрај неа со главниот локален пат.
Средствата во висина од 334 508 денари се обезбедени од општинската каса.
Според информација од градоначалникот Андонов за утре е планирано асфалтирање на улицата во населеното место Едрениково, чија изградба исто така се реализира како дел од минатогодишната Програма за локални патишта и улици во општина Василево.

Василево
Во недела ќе се одржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“
Published
2 недели agoна
мај 26, 2023By
Media Press
Општина Василево и годинава ќе го поддржи одржувањето на планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“, кој го организира ЗПСК „Маратон“, од Струмица, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешната средба што ја имаше со претседателот на ЗПСК „Маратон“, Ѓорги К`рмзов.
Според Програмата на организаторот маршот ќе се одржи во недела на 28.05.2023 година.
Сите заинтересирани учесници, во 07,30 часот треба да бидат на брана Турија, од каде што организирано се тргнува кон с. Нивичино. Се пешачи по следната маршута: брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол. Пристигнувањето во Нивичино е планирано за околу 12,00 часот. За во 14,00 часот планирано е доделување на благодарници за учесниците, по што во 14,30 започнува враќањето кон брана Турија.
За сите учесници организаторот подготвува заеднички ручек. Учесниците треба со себе да понесат прибор за јадење и вода за пиење.
Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 07 до 77 години.
Заинтересираните за овој планинарски марш, неопходно е своето учество да го најават на телефонскиот број 071 253 203.
Планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“ е традиционален и годинава се одржува по 12-ти пат.
Василево
Чистење на дивите депонии низ наслените места во општина Василево
Published
2 недели agoна
мај 22, 2023By
Media Press
Чистење на дивите депонии низ наслените места во општина Василево.
ЈПКД „Турија“, во координација и соработка со општина Василево реализираше низа комунални активности, односно чистење на диви депонии и уредување на земјени патишта во повеќе населени места на општината. Исчистени се дивите депонии во населените места Чанаклија, Василево и Радичево. Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во населеното место Чанаклија.
„Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, порача градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата за реализираните активности од страна на ЈПКД „Турија“, Василево, на социјалните мрежи.

Три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво

Објавен е јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Приведени двајца криумчари на мигранти кај „Раскрсница Удово“, сузбиена е и меѓународна група за криумчарење мигранти

Во тек се неколку работни активности во Општина Радовиш
