Струмица
Приведено лицето осомничено за убиство на 83- годишната жена во струмица
Published
2 недели agoна
By
Media Press
На 23.01 2023 од страна на полициски службеници од СВР Струмица во содејство и координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал лишен е од слобода П.И.(25) од Струмица. Тој се сомничи дека на 20.01.2023, откако побарал и не добил пари од М.Б.(83) од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди таа починала. Потоа П.И. одзел пари и предмети од домот на М.Б., од кои дел биле пронајдени при претресот извршен по наредба на ОЈО Струмица. П.И. е приведен во полициска станица и при службен разговор го признал делото, а од страна на СВР Струмица против лицето е поднесена кривична пријава до ОЈО Струмица, изведено е пред Основен суд Струмица и побарана е мерка притвор.
Поврзани содржини
Приведено лице во Радовиш за доиздржување на затворска казна
Општина Струмица е единствената општина во државата со свој сопствен стационар за бездомни кучиња
Отворено инклузивното игралиште во клон 3 од јавната детска установа „Детска Радост“ во Струмица
Едно лице загинало во опожарена куќа во Струмица
Лишен од слобода струмичанец, извршил кражба во продажен објект во Струмица
Вкупниот буџет на Општина Струмица за 2023 година, изнесува 1.642.012.000 денари
Струмица
Тим од осум пожарникари-спасители од Струмица денеска замина во спасувачка мисија во Турција
Published
1 ден agoна
февруари 7, 2023By
Media Press
Тим од осум пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица, припадници на специјалниот тим за пребарување и спасување од рушевини(USAR), кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување, по добиена наредба за мобилизација од страна на Владата на Македонија, денеска замина во спасувачка мисија во Турција која вчера беше погодена од силен земјотрес.
„Нашите спасувачки тимови кои се соодветно обучени за помош на вакви несакани настани се подготвуваат да стигнат во Турција, во местата каде што има поголема потреба и со сите сили и можности ќе се потрудат да помогнат со своите капацитети! соопштина од ТППЕ од Струмица
Струмица
И годинава богата програма за Струмичкиот карневал кој ќе се одржи во февруари
Published
1 недела agoна
февруари 1, 2023By
Media Press
Струмичкиот карневал годинава ќе се одржи на 25 февруари. Но карневалските случувања ќе започнат од 22 февруари со свеченото отварање на карневалските денови со симболично предавање на клучот на градот на карневалистите од страна на градоначалникот. И ќе траат се до 01 март со тримерски ручек у ваќање на карневалскиот клуч на градоначалникот.
Во осумдневното празнување организаторот нуди богата и разновидна програма за сите генерации во Општина Струмица, но и за гостите кои се очекуват од државата и странство.

Струмица
Општина Струмица е единствената општина во државата со свој сопствен стационар за бездомни кучиња
Published
1 недела agoна
февруари 1, 2023By
Media Press
Врз основаната потреба од постоење на единица за соодветен третман на бездомни кучиња во Струмица и нејзината околина, како резултат на решителноста на општинската администрација и градоначалникот на Општината, денес со работа започна современиот стационар „Лана“.

Основна цел на постоењето на Јавното претпријатие за заловување бездомни кучиња Стационар „Лана“ Струмица“ е хуман третман и благосостојба на бездомните кучиња со што треба трајно и ефикасно да биде намален нивниот број.

Програмата е заснована на методот „залови – стерилизирај – вакцинирај – вдоми/врати”, која со методите за едукација, регистрација и подигнување на јавната свест ќе овозможи намалување на бројот на бездомни кучиња.

„Со пуштањето во употреба на Стационарот „Лана“ практично почнуваме со решавање на еден од најголемите проблеми на струмичани, а тоа се бездомните кучиња скитници за кои имавме многу несакани ситуации, каснување на луѓе и во неколку случаи на деца. Додека во државата одредени општини декларативно се занимаваат со овој проблем, ние суштински и системски го решаваме и од денес општина Струмица е единствената општина во државата со свој сопствен стационар за бездомни кучиња. Јас ги уверувам граѓаните дека стационарот ќе ги дава посакуваните резултати. Особено ме радува фактот што веќе ги имаме и првите семејства, граѓани коишто сакаат да вдомат кучиња. Упатувам порака дека колку сме со поголема свест во однос на кучињата скитници и сакаме да ги вдомиме, толку помалку ќе имаме и кучиња скитници на улиците. Ако навистина ги сакаме животните, тогаш да им дадеме дом на сите“ – изјави градоначалникот Костадин Костадинов.

Приведено лице во Радовиш за доиздржување на затворска казна

За медицинска помош во Турција, се пријавиле околу 150 здравствени работници на јавниот повик на министерот Сали

Субвенционирање на сметките за електрична енергија на најранливите категории на граѓани продолжува и годинава

Владата донесе одлука, казина и обложувалници на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта
