Connect with us

Василево

Општина Василево обезбеди средства за подобрување на пристапните патишта до зејоделски земјишта

Avatar

Published

на

Општина Василево, со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, ќе ја подобрува земјоделската патна инфраструктура.

„Ќе се тампонира земјоделскиот пат Широк пат во месноста Гладно Поле во Василево со што се решава горливиот проблем со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини во овој дел на Василево. Оваа инвестиција е наш одговор на барањата на земјоделците и во таа насока, продолжуваме понатаму.  Ќе обезбедиме поддршка за решавање на проблемите на земјоделците поврзани со земјоделската патна инфраструктура во општината“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, по добивањето на  позитивен одговор односно Решението со кое на општина  Василево и се одобруваат средства во износ од 848 766 денари или 100% од инвестицијата. Вкупната должина на овој пат кој ќе се тампонира изнесува 390 метри

Следниот чекор е спроведување на постапка за јавна набавка од страна на општина Василево до крајот на месец јуни оваа година.

Василево

Прекин на сообраќајот на локалниот пат Стар пат Василево- Пиперево

Avatar

Published

на

Општина Василево Ве информира дека поради изведување на градежни работи односно  пополнување на дупките со бетон  на локалниот пат Стар пат Василево – Пиперево, во текот на денешниот ден, 25.09.2023 година (понеделник) истиот нема да може да се користи.

„Сите оние кои во текот на денешниот ден ќе имаат потреба од користење на овој пат, ги замолуваме да ги користат алтернативните патишта. Имајќи го предвид крајниот бенефит од реализацијата на оваа активност, општина Василево очекува фер однос и разбирање од засегнатите учесници во сообраќајот“, стои во соопштението од Општина Василево.

Прочитај повеќе

Василево

Екипата на Спорт лајф победници на Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче во Пиперево

Avatar

Published

на

Синоќа во населеното место Пиперево заврши Меморијалниот турнир во мал фудбал Ч’крче 2023 година, кој и годинава се одржа под покровителство на општина Василево. Во конкуренција од вкупно 14 екипи победник беше екипата на Спорт лајф, кои во финалето со резултат од 4:2 ја совладаа екипата на Вики маркет.

Во дуелот за третото место екипата на Алуметал Стил ги совлада ривалите од К1 и се пласираше на третото место.

Организаторот имаше обезбедено парични награди за најдобрите екипи и тоа: 40 000 денари за прво пласираните, 20 000 денари за вторите, 10 000 денари за третопласираните и 10 000 денари за четвртите.

На турнирот беа прогласени и наградени и најдобрите поединци: Игор Гонев од Вики маркет за најдобар голман  доби дрес, Трајче Димитров  од екипата на Спорт лајф  за најдобар играч и Никола Радојчиќ од екипата на Алуметал стил за најдобар стрелец. За нив организаторот имаше обезбедно фудбалски топки.

На турнирот натпревар одиграа и две екипи во јуниорска категорија и тоа ФК Единство и Агро Глобал и двете од населеното место Пиперево, кои, според зборовите на организаторот се иднината и продолжувачите на овој традиционален Турнир. За нив беа обезбедени  медали.

„Чинот на моето присуство на турнирот е најдобриот показател за мојот и односот на општина Василево кон поддршката на спортот во општина Василево и негувањето на спортскиот дух, а со тоа и промоцијата на спортот меѓу младите на  општина Василево,“, изјави градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој присуствуваше на Турнирот.

Меморијалниот Турнир Ч’крче се одржува во во чест и спомен на прерано починатиот Славе Стојанов –  Ч’крче од населенто место Пиперево. Турнирот започнува на празникот Петровден.

Прочитај повеќе

Василево

Во Радичево одбележан историски настан

Avatar

Published

на

Со полагање свежо цвеќе пред спомен плочата која се наоѓа на влезот во населеното место Радичево, денеска беше одбележана 82-годишнината од средбата на струмичката и радовишката младина на која биле поставени  темелите на идната заедничка револуционерна соработка.

За настаните од тој период,  за целта и мотивите на тогашната средба беше прочитан реферат.

Пред спомен плочата се поклонија делегаии од општина Василево и од општинските одбори  на Сојузот на борците од Струмица и Струмичко и Радовиш.

Прочитај повеќе