Радовиш
Консултативен состанок со претставници од месните и урбаните заедници во Општина Радовиш, се бара решение околу погребалните услуги
Published
2 недели agoна
By
Media PressПо рекацијата на јавноста околу состојбата со гробиштата и погребалните услуги во Општина Радовиш, Градоначалникот Ацо Ристов заедно со директорот на ЈП Плаваја организираа консултативен состанок со претставници од месните и урбаните заедници во Општина Радовиш.

Градоначалникот Ристов им образложи на присутните дека од 1994 година бил воведен солидарен фонд за кој граѓаните плаќале по 90 денари на сметките од ЈП Плаваја за извршување на погребални услуги и управување со гробишта и тој функционирал се досега.
Но со новите законски измени од 2008 година на ЈП Плаваја им се одземаат надлежностите за погребални услуги и тоа треба да го прави фирма си лиценца за такви услуги. ЈП Плаваја можела да ги врши погребалните услуги се до избор на оператор за таа намена.
Градоначалникот Ристов рече дека Oдлука за солидарен фонд донеле граѓаните и само тие можат да ја укинат и затоа таа уште е во сила. Тој рече дека ако е потребно ќе се формира и претпријатие кое ќе биде исклучиво само за погребални услуги и ќе работи без профит, со цел да се постигнат најниските можни цени за погреб, се во интерес на граѓаните.
Во делот на законските нормативи околу Законот за гробишта и погребални услуги образложение даде директот на ЈП Плаваја Дејан Крстев, појаснувајќи и за самиот солидарен фонд како функционирал досега.
Инаку околу 3800 граѓани месечно плаќале свој придонес во солидарниот фонд и со тие средства донекаде се покривале трошоците за околу 20 погреби месечно, а некогаш и недостигале, појасни Крстев.
Присутнита имаа одредени предлози, но крајна одлука не беше донесена, со цел тие да се консултираат со граѓаните кои што ги претставуваат, а на следниот состанок ќе се донесе одлука.
Повеќето се сложија со предлогот солидарниот фонд да продолжи, со цел граѓаните да не се соочуваат со преголеми трошоци во моментот кога треба да се изврши погреб. Конечна одлука ќе се донесе на следниот сотанок кој ќе се одржи во среда, а дотогаш ќе продолжат консултациите со цел да се изнајде најдоброто решение.

Поврзани содржини
Mediapress.mk истражува, како Општина Струмица и Општина Вланадово го решиле проблемот со погребалните услуги
Дополнителни субвенции од 2 денари за произведено и предадено грозје за сортите Смедеревка, Вранец, Бургундец Црн, Станушина, Кратошија, Жилавка и Кадарка
Зголемениот број на забоелни од Ковид -19 во Струмица, повод за координативен состанок на надлежните институции
Љупчо Јаневски на состанок со Кешник Бектеши со барања за протоколи за работа на угостителите
Османи предлага да се вработи „Ковид координатори“ во фирмите за спроведување на протоколите за заштита
Одржан состанок со директорите на образовните институции во Гевгелија, на иницијатива на градоначалникот Поцков
Радовиш
ООУ „Крсте Петков Мисирков“, Радовиш, беше домаќин на Општински натпревар по математика
Published
2 часа agoна
февруари 6, 2023By
Media Press
Во саботата на 04 февруари во ООУ” Крсте Петков Мисирков” во Радовиш, беше одржан општински натпревар по математика за учениците од 4 до 9 одделение. Натпреварот беше во организација на Сојузот на математичари на Македонија.
На натпреварот учество зедоа повеќе од 70 ученика, од сите општински училишта во општина Радовиш. Резултатите за тоа кои ученици продолжуваат понатаму на регионален натпревар се очекува да бидат објавени во текот на оваа недела од страна на Сојузот на математичари.

ООУ” Крсте Петков Мисирков” како училиште домаќин беше застапено со 30-тина свои ученици од сите одделенија. Од активот на математичари во училиштето се надеваат на високи резултати и пласман на нивните ученици на регионален натпревар.
Општинскиот натпревар во саботата во присуство на менторите, родителите и учениците го отвори директорката Здравкоска која на учениците им порача: Дека секој натпревар ги прави побогати со искуство и дека без разлика на резултатите со самото нивно учество на натпреварот тие веќе се победници!
Радовиш
Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на социјалните мрежи
Published
3 дена agoна
февруари 3, 2023By
Media Press
Полицијата го расчисти случајот со тепање на куче во радовишко од објавено видео на социјалните мрежи. На 01.02.2023 околу 14.00 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека на социјалната мрежа Фејсбук на страна на здружение за заштита на животни е објавена видео снимка на која се гледа тепање на животно – куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од с.Ораовица.
Од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности, при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира СВР Струмица, ПС Радовиш.
Инаку видеото со потресна содржина за измачување на куче, кое се појави пред неколку дена, масовно се споделуваше на социјалните мрежи од страна на граѓаните.
Радовиш
ЈП Плаваја со известување за прекин на водоснабдувањето, на левата страна од течението на Радовишка река
Published
3 дена agoна
февруари 3, 2023By
Media Press
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА КОРИСНИЦИТЕ ВО ПОДРАЧЈЕТО ОД УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“ ДО БУЛЕВАР„АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“ НА ЛЕВАТА СТРАНА ОД ТЕЧЕНИЕТО НА „РАДОВИШКА РЕКА“:
„Почитувани корисници, денес 03 февруари 2023 година поради санација на главен дистрибутивен вод на кој се има појавено ненадеен дефект ќе има прекин на водоснабдувањето на наведеното подрачје. Прекинот ќе трае до санација на дефектот точното време не можеме да го предвидиме заради комплексноста на работите кои треба да се изведуваат“, соопштуваат од ЈП Плаваја, Радовиш.

ООУ „Крсте Петков Мисирков“, Радовиш, беше домаќин на Општински натпревар по математика

Приведен криумчар на мигранти во обид да превезе 20 лица мигранти од Сирија, преку граница

92 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Пендаровски го осудува вандалскиот чин на каменување на „Македонски културен клуб – Никола Вапцаров“ во Благоевград
