Македонија
Доделени решенија на 34 општини за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште
Published
1 недела agoна
By
Media Press
Доделени решенија за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, на 34 општини од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Решенијата им беа врачени на претставниците на општините од страна на министерот Љупчо Николовски.
Мерката 124 од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, е наменета за општините на целата територија на државата, што придонесува за рамномерен регионален развој. Финансиската поддршка е во висина од 100% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци на инвестицијата, а се исплаќа по целосното завршување на инвестицијата од страна на корисникот. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 1 милион денари.
Со финансиска поддршка од Министерството, преку оваа програма, 34 општини ќе инвестираат во инфраструктурни проекти за пробивање и тампонирање на локални пристапни патишта, во вкупна должина од околу 19.000 метри, со кои на земјоделците ќе им се овозможи полесен пристап до нивните ниви, односно до обработливо земјоделско земјиште.
„Вкупната вредност на одобрените договори е 33 милиони денари што претставува зголемување за повеќе од двојно, споредено со последниот повик во 2018 година кога беа доделени решенија на 20 општини со вкупна вредност од 16.3 милиони денари. Дополнително преку Програмата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за капитални субвенции, за поддршка на Центрите за развој на плански региони, за последниве пет години инвестирани се вкупно 77 милиони денари за изградба на 78 локални патишта низ целата држава.Или вкупно преку двете програми, досега си инвестирани 126.3 милиони денари за изградба на вкупно 132 локални патишта за пристап до земјоделски површини. И така треба да биде и во иднина. Наша обврска е да создаваме услови за работа, да можат земјоделците полесно да пристапуваат до нивите и полесно да ги извршуваат секојдневните активности на производствените процеси“ изјави министерот Николовски.
На настанот, министерот Николовски ги потсети претставниците на општините дека Министерството преку „Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој“, ги поддржува општините и со други мерки кои го подобруваат животот во руралните средини преку мерките 321,322 и 323.
„Преку мерката 321 „Подобрување на квалитетот на живото во руралните средини“, даваме поддршка на општините за изградба на локална инфраструктура, патишта, мостови, преку кои се поврзуваат две или повеќе населени места во руралните средини во должина до 5 километри. Инвестиции во изградба на локална инфраструктура за поврзување на села со регионален пат во должина до 7 километри. Поддршка за изградба на водоводни и канализациони системи во селтата до 1500 жители, изградба на телекомуникациска инфраструктура, пазари, како и објекти за детски, младински или пензионерски културни центри или клубови во населени руралните средини.
Мерката 322 „Обнова и развој на селата“ дава поддршка на општините при изработка на урбанистичка документација за руралните средини. Потоа инвестиции во изградба или реконструкција на плоштади, шеталишта, зелени јавни површини во рурални средини до 30.000 жители и инвестиции за изградба или реконструкција на селски улици.
Со мерката 323 „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“ ги поддржуваме општините во инвестиции за изградба на локална инфраструктура за поврзување на населените места од руралните подрачја со локалитети од посебно значење за жителите во должина од 2 километри. Даваме поддршка во зачувувањето на културните и природни знаменитости со цел поддршка на руралниот туризам и одбележување и унапредување на планинарски и велосипедски патеки“ изјави Николовски.
Поврзани содржини
МЗШВ објави јавен оглас за давање под закуп земјоделско земјиште во неколку региони меѓу кои и Радовиш
24 апликанти ќе ја искористат мерката за финасиска поддршка во набавка на силоси за житни култури
МЗШВ: Истекува рок за поднесување аплиции за закуп на земјоделско земјиште за производство на сточна храна и подигнување на долгогодишни насади
МЗШВ: Два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хекатри, на располагање за земјоделците, дополнителни 3.769 хектари
МЗШВ: Забележани случаи на организирана измама при давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Потпишани мемoрандуми за соработка на МЗШВ, со врвни научни инситуции, за градење на систем за производство и безбедност на храна
Македонија
МВР ги потсетува граѓаните на обврската за промена на регистарските таблички со ознака “МК“ со ознаката “NMK“
Published
9 часа agoна
февруари 1, 2023By
Media Press
Заклучно со 12.02.2024 година сопствениците на возила мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката “МК“ со ознаката “NMK“ информира Министерството за внатрешни работи и ги потсетува граѓаните на обврската .
Имено, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање, сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година, стои во известувањето од МВР.
Македонија
Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е намален за околу 5%, за декември 2022 во споредба со декември 2021
Published
13 часа agoна
февруари 1, 2023By
Media Press
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во декември 2022 година, во споредба со декември 2021 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 46.5 %, а реално за 28.4 %).
Според статистика во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 15.7 %, а реално е намален за 5.1 %, Трговија на мало, освен трговија со горива прометот е номинално зголемен за 8.7 %, а реално е намален за 5.3 % и Трговија на мало со непрехранбени продукти прометот е номинално зголемен за 2.5 %, а реално намален за 5.1 %.
Македонија
Индустриското производстви во декември 2022 во однос на декември 2021 бележи опаѓање
Published
13 часа agoна
февруари 1, 2023By
Media Press
Индустриското производстви во декември 2022 во однос на декември 2021 бележи опаѓање, пораст има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, изнесува 98.7.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање од 2.3 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 11.6 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2022 година, во однос на декември 2021 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 8.1 %, Капитални производи за 0.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 16.9 %, додека пораст бележи кај Енергија за 10.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.3 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2022 година, во однос на периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 99.7.

И годинава богата програма за Струмичкиот карневал кој ќе се одржи во февруари

Како да ја пресметате ИДЕАЛНАТА ВИСИНА НА ПОТПЕТИЦИТЕ: Во нив нема да ве болат стапалата!

5 МОДНИ ПРАВИЛА ЗА ЖЕНИ НАД 50 ГОДИНИ:

Работи кои не треба да ги чувате во спалната соба: Според филозофијата на ФЕНГ ШУИ, тие можат да ви донесат несоница и лошо расположение!
