Радовиш
Здравје и среќа за сите граѓани посака Мирче, кој имаше среќа да го фати Светиот крст на Богојавление – Водици во Радовиш
Published
2 месеци agoна
By
Media PressМирче Василев е среќното момче кое го фати Светиот господов крст на големиот празник Богојавление – водици во Радовиш…
И годинава големиот празник беше масовно проследен од граѓаните во Радовиш, кои што на базенот се сообраа во голем број да го проследат фрлањето на светиот крст. Мирче Василев, кој успеа да го фати Светиот крст им посака здравје и среќа на сите граѓани.

Чествувањето на големиот православен празник Богојавление-Водици 2023 во Радовиш започна со света литургија во двата храма Св. Пророк Илија и Св. Троица, од каде што после литургијата верниците во Литија се упатија кон базенот, каде се изврши големиот водосвет, по кој следуваше фрлањето на крстот.
Градоначалникот Ацо Ристов во оваа прилика му честит на сречното момче сите граѓни им го честита големиот празник Водици, но и најави дека за догодина можеби ќе ја збогатат оваа манифестација со други содржини, а се размислува и за изградба на нов базен каде ќе се врши самиот чин на фрлање на Светиот крст.

Среќното момче Мирче Василев кој помеѓу големиот број пријавени кандидати успеа да го фати крстот доби пригодни подароци, од овогодишниот кум, од име на општина Радовиш подарок му додели и Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, исто така подароци му доделија и компаниите Адора инженеринг и Зегин.
Кумството од овогодишната манифестација од страна на Зоран Мицев беше предадено на Миле Ѓозев кој ќе биде кум за наредната година.

Поврзани содржини
Денеска е Водокрст, ден пред големиот христијански празник Богојавление
Општина Радовиш заедно со православната црква од Радовиш и годинава дел од организацијата за празникот Богојавление
Општина Василево и ЈПКД „Турија“, вклучени во одбележувањето на Водици – Богојавление
Петре Здравков е среќното момче кое го фати светиот крст во Радовиш на големиот празник Богојавление – Водици
Денеска е Богојавленски водосвет, осветена е водата во сите црковни храмови
Традиционалното фрлање на Светиот крст во Радовиш ќе се изврши во базенот „Шампион“
Радовиш
Матеј и Никола од средното училиште од Радовиш, со одлични резултати на државниот натпревар по информатика
Published
1 ден agoна
март 28, 2023By
Media Press
Матеј и Никола од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, со одлични резултати на државниот натпревар по информатика кој се одржа во ФИНКИ.
„На 25 март, во Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје се одржа државниот натпревар по информатика. На натпреварот учествуваа следниве ученици од нашето училиште: Матеј Цветковски – I година (ментор: Василка Митева) Никола Костадинов – IV година (ментор: Славица Атанасова)
Според резултатите од државниот натпревар, и двајцата ученици имаат трета награда.
Ученикот Никола Костадинов е добитник на награда – бесплатно студирање на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) за сите 4 години на студии почнувајќи од академската 2023/24 година“, соопштуваат од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш.


Радовиш
Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула на финалето во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2023By
Media Press
Одбојкарките на Работнички Скопје ја одбранија ланската куп титула со триумф над Наковски волеј со 3:1 (23:25, 25:18, 30:28, 25:16) во финалето на турнирот во Радовиш.

Струмичкиот клуб го доби првиот сет, но актуелните првенки направија пресврт и на крајот му се израдуваа на пехарот притоа недозволувајќи Наковски волеј да се реваншира за поразот во финалето пред две години.
Стојанова освои 17 поени, Баталаковска имаше 16, исто колку и Ѓурѓевиќ.
Кај Наковски волеј, најефикасна беше Љиља Ковачевиќ со 13 поени, Хаџи-Тосева заработи 11, а Милева 8, но тоа не беше доволно струмичанки да ја освојат првата сениорска круна.

Директорката на спортската сала 25-ти Мај во Радовиш, ги сумира впечатоците и резултатите од целиот настан и притоа е задоволна од организацијата, изразувајчи благодарност во сите овие кои активно беа вклучени во самата органзиација.

Арсова изразува благодарност и до Македонсктата радио телевизија- (МРТВ) за преносот во живо, на македонскиот одбојкарски куп . Таа најавува дека за неколку дена повторно ќе се случи голем настан во спортската сала во Радовиш, од областа на музиката.

Радовиш
Струмица Никоб го освои пехарот во македонскиот одбојкарски куп во финалето во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2023By
Media Press
Викендот се одржа големото финале на македонскиот одбојкарски куп, во Спортската сала „25-ти Мај“ во Радовиш,голем спортски настан после многу години кој три дена ја брануваше радовишката спортска јавност.

Шести пат по ред, а вкупно деветти, Струмица Никоб го освои пехарот во македонскиот одбојкарски куп. Во финалето во Радовиш, актуелниот првак беше доминантен и славеше над Градси Одбојкарски Клуб „Борец“ од Велес, со 3:0 (27:7, 25:23, 25:18), на тој начин освојувајќи го 18-от пехар во клупските витрини.

Владо Милев имаше 12 поени, Хараба заврши со 11, Алексов со 7, Глобоцки заработи 5, Наков 4, а Ефтим Ричлиев 2.
Кај ГОК Борец најефикасни беа примачите Волков со 14 и Костиќ со 12 поени.

Се замрзнуваат цените на тоалетната хартија, влошките, влажни марамчиња, пелените

Задача за прво одделение во кинеско ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ: Дали можеш да ја решиш?

11 строги правила кои жените во САУДИСКА АРАБИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВААТ!

Како да направите ефективни промени во внатрешноста на вашиот дом?
