Општина Радовиш објави ЈАВЕН ОГЛАС за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2022 година, како и за спортски работник за повеќегодишна работа. Во Јавниот оглас се вели:
- Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2022 година, да пријават кандидати на Јавниот оглас.
- Пријавата треба да биде потпишана и заверена од страна на овластеното лице на спортскиот клуб или здружението кое го пријавува спортистот, спортската екипа, тренерот или спортскиот работник.
Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2022 година, а во прилог да бидат приложени докази за истите (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.).
Рокот за доставување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас, заклучно со 20.01.2023 год. Пријавите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш, Комисија за култура, образование и спорт, Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш, или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш.
Со назнака: За избор на спортист на годината, Kомисија за култура, образование и спорт.