На едно четиричлено семејно домакинство за преживување согласно пресметките на Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ, во јанауари 2022 година му биле потребни 31.811 денари, само за исхрана и пијалоци, како и домување.
Односно на едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51 235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка.
Според пресметките на
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во декември 2022 година, на
четиричлено семејство му биле неопходни 19 226 денари за исхрана и пијалаци, 13
093 денари за домување, 3 050 денари за одржување на хигиена, а 3 668 денари за
превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2 255
денари, за култура 1 067, а за одржување на здравје 801 денар.
Вредноста на синдикалната кошница за една година го бележи најголемото зголемување од 2011 година од кога и ССМ ја пресметува и истата во декемри 2022 година, изнесува 43.163 денари. Ако се пресмета и огромната инфлација од 18,7%, таа изнесува 51.234 денари или во спредба со почетокот на годината зголемена е за 15.424 денари.
„Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни 43 163 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8 071 денар се доаѓа до бројката од 51 234 денари“, прецизираат од ССМ.