Connect with us

Радовиш

Од јануари до декември за 15.424 денари е зголемена вредноста на синдикалната минимална кошничка

Avatar

Published

на

На едно четиричлено семејно домакинство за преживување согласно пресметките на Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ, во јанауари 2022 година му биле потребни 31.811 денари, само за исхрана и пијалоци, како и домување.

Односно на едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51 235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), во декември 2022 година, на четиричлено семејство му биле неопходни 19 226 денари за исхрана и пијалаци, 13 093 денари за домување, 3 050 денари за одржување на хигиена, а 3 668 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2 255 денари, за култура 1 067, а за одржување на здравје 801 денар.

Вредноста на синдикалната кошница за една година го бележи најголемото зголемување од 2011 година од кога и ССМ ја пресметува и истата во декемри 2022 година, изнесува 43.163 денари. Ако се пресмета и огромната инфлација од 18,7%, таа изнесува 51.234 денари или во спредба со почетокот на годината зголемена е за 15.424 денари.

„Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни 43 163 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8 071 денар се доаѓа до бројката од 51 234 денари“, прецизираат од ССМ.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе