Василево

Новогодишна еуфорија и во Општина Василево

Новогодишна еуфорија и во Општина Василево. Градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов на дечињата во детската градинка им подари новогодишни пакетчиња.

„Се дружевме со децата од градинката Прва радост Василево на кои заедно со Директорот на Југоисточниот Плански Регион, г-дин Ѓоко Камчев поделивме пакетчиња !

Нека ова пакетче со него донесе и ОГРОМНА ЉУБОВ, завиткана со ИСКРЕНОСТ, врзана со ГРИЖЛИВОСТ и запечатено со БЛАГОСЛОВ, за да не радува во текот на целата година.Среќни новогодишни празници, да сте живи и здрави!“ вели градоначалникот Андонов.

Исто така учениците- членови на Ученичкиот парламент при ООУ „Гоце Делчев“, Василево остварија предновогодишна средба со градоначалникот во општина Василево

„Во пријатна атмосфера разменивме информации за надлежностите и улогата што секој ја има во својата област, за можностите што се јавуваат како резултат на взаемна соработка и поинтензивна комуникација.

Разговаравме и за тековните потреби и најургентните прашања чие решавање ќе значи подобри услови за одвивање на наставата а со тоа и постигнување на подобри резултати. Договоривме ваквите средби во второто полугодие да добијат континуитет а дел од идеите кои беа предложени, како профункционирање на кабинетите, едносменско работење, модерно повеќенаменско игралиште, повеќе културно забавни настани и слично, беа заедничка желба за Новата 2023 година“ објави Андонов на социјалните мрежи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago