Connect with us

Радовиш

Практични и наменски новогодишни подароци за корисниците од ДЦ Порака и годинава од рудниците Бучим и Боров Дол

Media Press

Објавено на

Корисниците на дневниот центар Порака од Радовиш денеска беа пријатно изненадени со прекрасни и практични Новогодишни подароци. По повод Новогодишните и Божиќните празници рудниците Бучим и Боров Дол ја продолжија традицијата да ги посетат своите пријатели од Порака и да им ги разубават новогодишните празници. Двајцата директори Олег Чусовитин и Ивица Карапетров заедно со Кристина Крстева, прес – секретар на двата рудника, лично им ги подарија на корисниците новогодишните подароци и притоа се дружеа со нив.

„Нема поголема радост од тоа да изнудиш радост на некого“, вели Кристина Крстева прес- секретар на двата рудника која денеска заедно со менаџерскиот тим им ги доставија подароците на сите корисници на дневниот центар Порака.

Раководителот на ДЦ Порака Тања Костадинова изразува благодарност до менаџерскиот тим на Бучим и Боров Дол но и упатува апел и до останатите компании кои се во можност да бидат хумани и да се сетат дека на некого му е потребно само мало внимание.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе