Радовиш
По повод новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот Ристов, подари новогодишни пакетчиња
Објавено на
Од
Media Press
По повод новогодишните и божиќните празници, Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, подари новогодишни пакетчиња на дечињата од Здружението на лица со телесен инвалидитет од Радовиш и Конче „Мобилност“, како и новогодишни подароци на корисниците на дневниот центар „Порака“.

Новогодишни пакетчиња ќе бидат доделени и на Црквата „Св.Пророк Илија“ и Храм „Св.Троица“ кои ќе бидат наменети за дечињата кои ќе бидат дел од традиционалната Бадникова литија.

„Празничната сезона е совршена можност да ја покажеме нашата великодушност и да измамиме насмевка кај другите“, вели Ристов.
Исто така и тимот од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, несебично помогнати од регионалната деловна заедница со воодушевување и пристапи на една од најблагородните акции годинава – ПОДАРИ НАСМЕВКА – да создадеме дополнителни мигови на радост за најмладите, делејќи новогодишни пакетчиња во Дневните Центри за лица со попреченост и детските градинки во руралните средини од Југоисточниот регион посакувајќи им среќни празници на сите во Југоисточен плански регион.
Поврзани содржини

Адвокатско друштво Пепељугоски и годинава ги израдуваа учениците во село Коџалија и Калаузлија

Ристов: Старата Стоковна куќа во Радовиш добива ново име и нова функција

480 новогодишни пакетчиња за дечињата во детската градинка „Ацо Караманов“ -Радовиш донација од рудникот Бучим

Општина Радовиш им додели подарок – училишна опрема на сите првачиња, за среќен почеток на учебната година

Градоначалникот Ристов изврши увид на асфалтираната улица – обиколница која ги поврзува улица Калузлиска со Наслеба Куклевица во Радовиш

Новогодишна еуфорија и во општина Конче, градоначалнико Ристов подари пакетчиња за најмалите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



