Радовиш
Програмата од новогодишниот фестивал „Светол град“ во Радовиш продолжува
Објавено на
Од
Media Press
Програмата од новогодишниот фестивал „Светол град“ синоќа продолжи со настап на учениците од Општинските основни училишта и изложбата на нивните креации, а во Центарот за култура беше одржан и годишниот концерт на студиото за модерен балет „Газели“. „Светол град“ е во организација на ЦК Ацо Караманов а под покровителство на Општина Радовиш, во соработка со општинските основни училишта и градинката.

Вечерва од 17.00 часот следува концертот на „Троја“, а во 19.00 часот, концерт на Александра Јанева.
Посетителите имаат можност да ги погледнат изложените рачни изработки, колачи и десерти подготвени за овој новогодишен фестивал „Светол град“.

Поврзани содржини

Доделени годишните награди за учебната 2022/23 година на талентирани ученици и ментори во училиштата во Општина Радовиш

Започна програмата НОВОГОДИШЕН ФЕСТИВАЛ „СВЕТОЛ ГРАД“ во Радовиш

Новогодишна програма СВЕТОЛ ГРАД од вечерва во Радовиш

Со концертот на „Дајте музика“ се заокружува богатата програма од „Новогодишниот фестивал Светол град во Радовиш

Започна програмата од Новогодишниот фестивал „Светол град“ во Радовиш

Новогодишниот фестивал Радовиш „Светол Град“ продолжува
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!



