Радовиш

Потпишан договорот, ќе се градат фотонапонски централи на крововите на Спортска сала „25 Мај“ и ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш

Градоначалникот на Општина Радовиш денеска потпиша договор за изградба на фотонапонски централи на крововите на Спортска сала „25 Мај“ и ООУ „Крсте П.Мисирков“ во Радовиш.

„Ако во кампањата ветивме дека Радовиш ќе биде еден од првите енергетски независни и ефикасни градови, сега почнуваме да реализираме. Покрај проектот „Зелена топлина“ финансиран од ЕУ, општина Радовиш официјално стана стана дел од проектот „ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСЕН РЕГИОН“ финансирaн преку Грантовата шема на проектот „Одржлив и инклузивен регионален развој“, вели градоначалникот Ристов.

Ристов денеска присуствуваше на потпишувањето на Договорот помеѓу Центарот за развој на југоисточниот плански регион и Министерството за локална самоуправа со што и официјално стартува реализацијата на овој проект.

Со одбрени средства во висина од 19,9 милиони денари, ќе се градат фотонапонски централи на крововите на Спортска сала „25 Мај“ и ООУ „Крсте П.Мисирков“ кои ќе значат искористување на алтернативните извори на електрична енергија и заштита на животната средина.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago