Радовиш

Нови топки и мрежа за одбојкарскиот спорт во Радовиш, од Одбојкарската федерација на Македонија

Денеска во посета на спортската сала СРЦ 25-Мај во Радовиш, беше секретарот на  Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) Зоран Карановиќ,  кој донесе нови топки и мрежа за одбојкарскиот спорт во Радовиш.

Овој спорт кој стана актуелен во Радовиш од пред неколку месеци кога беа створени услови во Спортската сала, за тренирање на деца и млади, членови на Здружението  ОУ „Коста Рацин“ од Подареш со тренерот Симон Џеков, започна професионално да се негува и да се опремува со нова опрема. 

Младите одбојкари од здужението во кое членуваат ученици од Подареш и Јаргулица како и од Радовиш, постигнуват резултати како на регионални така и на државни натпревари.

Голема благодарност до секретарот Зоран Карановиќ за денешната донација изрази директорката на Спортската сала во Радовиш, Лолита Арсова која вели дека се разговарало и за понатамошни успеси и развој на одбојкарскиот спорт во Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

6 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago