Радовиш
Нови топки и мрежа за одбојкарскиот спорт во Радовиш, од Одбојкарската федерација на Македонија
Објавено на
Од
Media Press
Денеска во посета на спортската сала СРЦ 25-Мај во Радовиш, беше секретарот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) Зоран Карановиќ, кој донесе нови топки и мрежа за одбојкарскиот спорт во Радовиш.

Овој спорт кој стана актуелен во Радовиш од пред неколку месеци кога беа створени услови во Спортската сала, за тренирање на деца и млади, членови на Здружението ОУ „Коста Рацин“ од Подареш со тренерот Симон Џеков, започна професионално да се негува и да се опремува со нова опрема.

Младите одбојкари од здужението во кое членуваат ученици од Подареш и Јаргулица како и од Радовиш, постигнуват резултати како на регионални така и на државни натпревари.
Голема благодарност до секретарот Зоран Карановиќ за денешната донација изрази директорката на Спортската сала во Радовиш, Лолита Арсова која вели дека се разговарало и за понатамошни успеси и развој на одбојкарскиот спорт во Радовиш.
Поврзани содржини

Радовиш беше домаќин на финалниот натпревар од Купот на Македонија во Футсал

Комплетна санација на спортска сала „25 Мај“ во Радовиш, после 40 години од изградбата

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски утре во посета на Радовиш

Започна реконструкцијата на Спортската сала „25-ти Мај“, Министерот за спорт Борко Ристовски, денеска во посета на Општина Радовиш

Спортската сала во Радовиш доби нов ЛЕД екран, за повеќе намени

Адвокатско друштво Пепељугоски со донација за учениците од ООУ „Никола Карев“ -Радовиш, ПУ во Бучим, Парналија и Тополница
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!





