Connect with us

Спорт

Компанијата Reebok ја оживува својата позната линија на класични патики од осумдесеттите

Avatar

Published

на

Уште во осумдесеттите години на минатиот век дебитираше BB линијата на компанијата Reebok, а сега, BB4000 II, најпопуларниот модел на оваа колекција, по четириесет години го слави своето големо враќање…

Како дел од оваа голема годишнина, патиките BB4000 II пристигнуваат во низа различни комбинации на бои и како дел од најновата колекција Changing of the Guard, која се надоврзува на наследството на кошаркарските легенди Шекил О’Нил и Ален Ајверсон.

Новата линија претставува три различни стилови задолжени за славење на некои од клучните и дефинирани моменти во нивните кариери. На пример, белата/црна/сината шема на бои им оддава почит на деновите на дебитантската кариера на Шекил, при што патиката јасно ја означува бојата на Орландо Меџик. Уште повеќе, сиво/бело/морнарско и црвено/сино/бело изданија на Reebok му оддаваат почит на Ајверсон и неговото време во Филаделфија, додека последната шема на бои ја должи својата инспирација на времето на славниот кошаркар на колеџ.

Дополнително, патиките се креирани со кожен горен дел, додека сегментите на прстите се креирани со превртена кожа. Текстилните облоги исто така се користени за да се спојат сите детали, со гумен надворешен ѓон и влошка од EVA во средниот дел што се користат за целокупната удобност на патиката.

Колекцијата Changing of the Guard е достапна преку официјалната веб-страница на Reebok и на сите избрани малопродажни локации од 22 декември

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Македонскиот фудбалски национален тим, претпладнево замина за Букурешт

Avatar

Published

на

Експедицијата на македонскиот фудбалски национален тим, претпладнево замина за Букурешт, каде ќе ги одигра двата од вкупно трите натпревари во групата „Ц“ на Европското првенство.

„Пред полетувањето кон Букурешт, Романија им посакав успешен настап на #ЕУРО2020, среќа, добра тимска игра, фер плеј и да продолжат со успесите со кои веќе испишуваат нови страници во историјата на македонскиот фудбал, пласирајќи се на Европското првенство“, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

„Среќно и со целото срце за Македонија!“ напиша и лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Прочитај повеќе

Радовиш

Илија Атанасов од БК „Бучим“ од Радовиш со дебитантски настап на Европското првенство во Софија

Avatar

Published

на

Радовишанецот Илија Атанасов од БК Бучим од Радовиш, во составот на македонската репрезентација со солиден настап на Европското првенство за У-15 во Софија, Бугарија, во категоријата до 85 килограми. Како што информираат од клубот, Атанасов загубил од репрезентативецот на Грузија со 7-11.

„Како негов тренер, сум многу задоволен и гледам  почеток на негова успешна кариера. Ова беше дебитантски настап на европско првенство. Тој во тешка борба загуби на поени. Од друга страна, неговиот противник загуби во полуфиналето и не го повлеше во репасажот. Инаку, требаше да имаме уште еден преставник на ова првенство, но поради повреда неколку денови пред шампионатот, не можеше да настапи на истото“, вели тренерот Горан Атанасов.

Борачите од БК Радовиш се подготвуваа активно за учество на ова Европско Првенство тренирајќи секојденвно заедно со борачите на БК Балканец од Штип. Тренерот Атанасов уште тогаш најави дека очекуваат добри резултати, на претстојните Европски првенства.

Прочитај повеќе

Спорт

ФК Плачковица ќе биде домаќин на ФК Осогово

Avatar

Published

на

Нашиот фудбалски клуб Плачковица ќе биде домаќин на ФК Осогово во Сабота на 26.03.2021 година.

Овој натпревар од пролетниот дел на првенството ќе започне во 14:00 часот и ќе се игра според протоколите односно публика нема да биде присутна.

ФК Плачковица минатиот викенд играше против ФК Кожув од Гевгелија каде и двата тима добија по еден бод со резултат од 0:0 на крајот од второто полувреме.

Прочитај повеќе