Радовиш

Започна ДЕТСКА ЗИМСКА БАЈКА НА ВОЗ во Радовиш

Весели и насмеани со  растреперени срца, дечињата од градинките и од основните училишта, ќе се возат на новогодишниот детски воз низ улиците на Радовиш, се до Нова година.  Новогодишниот фестивал „Светол град -2022“, авторско дело на стручниот тим од Центарот за култура „Ацо Караманов“, годинава е збогатен со дополнителен апликативен труд  „Детска зимска бајка на воз“.

„Со тргнувањето на специјалниот детски новогодишен воз, официјално ја започнуваме новогодишната програма за дочек на новата 2023 година“ најави и Општина Радовиш која е покровител на манифестацијата „Светол град-2022“.

Вчера Градоначалникот Ацо Ристов ги пречека првите патници на новогодишниот воз и им додели новогодишни подароци, посакувајќи им многу среќа и здравје во новата 2023 година.

Детскиот воз и денеска поминуваше пред општината каде патниците ги добиваа своите подароци.

„Светол град“ и годинава се организира под покровителство на Општина Радовиш, градоначалникот Ацо Ристов и Советот на Општина Радовиш. Организацијата е доверена на центарот за култура „Ацо Карманов“ а во соработка со општинските основни училишта и детската градинка.

На граѓаните а особено на најмладите, ќе им биде понудена разновидна програма.

Во центарот за култура ќе биде прикажана театарската претстава за деца Новогодишна сказна, кино проекција за деца Биби и Боби во Снешковград и кино проекција за возрасни Надеж, Кајмак и Небеса. Балетска претстава на „Газели“ и празничен концерт на ФА Ацо Караманов и пријателите.

Новогодишниот фестивал „Светол град“ започнува од 26 декември  со претставување на сите општински училишта и детските градинки од Општина Радовиш. На  28 ќе се одржи концерт на Троја и концерт на Александра Јанева и на 29  декември концерт на Дајте Музика.

Ќе има и изложувачи на рачни изработки, колачи и десерти на новогодишните куќички и топли пијалоци во текот на програмата. Група ученици, денеска беа дел од организираната работилница на ЦК Ацо Караманов за изработка на украси и креации за украсување на просторот, каде што ќе се одржуваат сите настани од богатата програма во дворот на поранешниот факултет во Радовиш.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago