Радовиш
Започна ДЕТСКА ЗИМСКА БАЈКА НА ВОЗ во Радовиш
Објавено на
Од
Media PressВесели и насмеани со растреперени срца, дечињата од градинките и од основните училишта, ќе се возат на новогодишниот детски воз низ улиците на Радовиш, се до Нова година. Новогодишниот фестивал „Светол град -2022“, авторско дело на стручниот тим од Центарот за култура „Ацо Караманов“, годинава е збогатен со дополнителен апликативен труд „Детска зимска бајка на воз“.

„Со тргнувањето на специјалниот детски новогодишен воз, официјално ја започнуваме новогодишната програма за дочек на новата 2023 година“ најави и Општина Радовиш која е покровител на манифестацијата „Светол град-2022“.
Вчера Градоначалникот Ацо Ристов ги пречека првите патници на новогодишниот воз и им додели новогодишни подароци, посакувајќи им многу среќа и здравје во новата 2023 година.

Детскиот воз и денеска поминуваше пред општината каде патниците ги добиваа своите подароци.
„Светол град“ и годинава се организира под покровителство на Општина Радовиш, градоначалникот Ацо Ристов и Советот на Општина Радовиш. Организацијата е доверена на центарот за култура „Ацо Карманов“ а во соработка со општинските основни училишта и детската градинка.

На граѓаните а особено на најмладите, ќе им биде понудена разновидна програма.
Во центарот за култура ќе биде прикажана театарската претстава за деца Новогодишна сказна, кино проекција за деца Биби и Боби во Снешковград и кино проекција за возрасни Надеж, Кајмак и Небеса. Балетска претстава на „Газели“ и празничен концерт на ФА Ацо Караманов и пријателите.
Новогодишниот фестивал „Светол град“ започнува од 26 декември со претставување на сите општински училишта и детските градинки од Општина Радовиш. На 28 ќе се одржи концерт на Троја и концерт на Александра Јанева и на 29 декември концерт на Дајте Музика.
Ќе има и изложувачи на рачни изработки, колачи и десерти на новогодишните куќички и топли пијалоци во текот на програмата. Група ученици, денеска беа дел од организираната работилница на ЦК Ацо Караманов за изработка на украси и креации за украсување на просторот, каде што ќе се одржуваат сите настани од богатата програма во дворот на поранешниот факултет во Радовиш.



Поврзани содржини

Јулија Тарабунова е новата претседателка на УЖ на ОК ВМРО- ДПМНЕ Радовиш

Во сабота започнува ШЕСТОНОЕМВРИСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ!

Малешевски пат околу Подареш, на потегот од Смиланци кон Радовиш, во напредна фаза на реализација
Територијалната противпожарна единица од Радовиш добива 4-ри нови пожарникари

Рудникот Бучим со СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА во насока на транспарентна комуникација со населението oд с. Тополница за проектот на браната

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

