Радовиш

Левица отвори своја канцеларија во Радовиш

Политичката партија Левица отвори партиска канцелари во центарот на Радовиш, каде сите заинтересирани граѓани, членови, симпатизери и поддржувачи на Левица, ќе може да ја посетат и да ги споделат своите проблеми и идеи, со единствената како што велат од партијата, работничка и класно ориентирана партија во државата.

Вчера, на свеченото отварање беше присутен и лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, како и пратеникот Борислав Крмов.

„Жителите на Радовиш сѐ помасовно ја препознаваат црвената боја како своја. Не беше мал бројот на граѓани кои синоќа беа присутни на отворањето на канцеларија на Левица во Радовиш.

Канцеларијата ќе остане отворена за секој жител на општина Радовиш секој ден. Сите заинтересирани се добредојдени да се запознаат со идеологијата, ставовите и определбите на Левица, како и да ги споделат своите идеи и проблеми со единствената идеолошка, работничка и класно ориентирана партија во државата“, велат од Левица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago