Василево

Со свечена седница, одбележан Денот на општина Василево

Со Свечена седница, Советот на општина Василево денеска го одбележа 16-ти Декември, Денот на општина Василево, денот кога пред 26 години  е одржана Првата конститутивна седница, на која  е формирана ЕЛС Василево.

Седницата ја отвори претседателот на Советот, Ристо Делијанов, кој упати желби за  успешен понатамошен развој на Општината. „Во периодот во кој ја извршуваме оваа граѓанска должност, зад нас се дваесетина одржани седници со над стотина Одлуки, Решенија, Програми… во кои се преточени потребите на заедницата и условите неопходни за нејзино непречено функционирање во делот на локалните надлежности. Преку нашата работа како Советници продолжуваме по патот што го трасирале нашите колеги од претходните општински Совети и во името на сите советници, упатувам добри желби за иден  раст и развој на општината“, рече претседателот Делијанов

Свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов кој зборувајќи за напредокот и развојот на општината ја нагласи добрата соработка со сите советници и институции кои општината ја има, како резултат на што се реализирани бројни проекти со кои се подобруваат секојдневните услови за живот во општина Василево.

„ Како актуелен градоначалник, и Совет во кој функционираме како едно, без разлика на политичката определба, со кој имам одлична соработка, во периодот во кој  сум прв човек на општината, успешно го продолжувам нејзиниот развој.  Развојот кој започна пред 26 години и во кој учествуваа моите претходни колеги и советници.   Со секој нов ден, максимално, со ангажирање на сите потенцијали и  ресурси,  работам на подобрување на се она што значи услови за живеење во општина Василево.

„Деновите како денешниот добиваат на своето значење од перспектива на сите досега реализирани мали и големи зафати, проекти, успешно затворени прашања кои од ден во ден ја менуваа сликата на населените места. Сето ова е резултат на многу работа, вклученост на сите потенцијали, умешност за менаџирање на различни состојби и секако добрата соработка што општина Василево ја има со сите институции“, нагласи градоначалникот Андонов.

Осврнувајќи се на постигнатите резултати, вети развој и во наредниот период.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago