Денеска и утре во Радовиш се одржуваат 49 Караманови поетски средби
Денеска и утре во Радовиш се одржуваат 49 Караманови поетски средби, кој годинава се одржуваат во просториите на ОНБ „Браќа Миладиновци“. Добредојде на присутните гости и поети учесници во манифестацијата им посака Борче Панов, претседател на Карамановите поетски средби.
Поздравно обраќање во името на градоначалникот Ацо Ристов, имаше секретарот на Општина Радовиш, Љупче Почивалец.
Беседа за Ацо Караманов имаше проф.д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писатели на Македонија, кој се осврна и за големината на Ацо Караманов, читајќи дел од неговата поезија напишана на само16 години, пред прерано да згасне неговиот живот.
Во рамките на манифестацијата денеска беше одбележан и Јубилејот 65 години постоење на ОНБ „Браќа Миладиновци“, во Радовиш. Директорти Станој Петров се осврна на почетоците на библиотекта во 1957 година, односно пред 65 години, на иницијатива на Морис Романо, кога таа била сместена во приватна куќа на местото на сегашната куќа на Методија Ценев со фонд од само 500 книги.
Во продолжение следуваше кратско поетско читање во чест
на Караманов и претставување на наградените поети со интернационалната награда
„Ацо Караманво 2022“.
Промоција на наградената книга „Животот на сликарите“ од
Константин Северин и „Осудените градови“ од Хозе Едуардо Деграсија изврши проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска.
Како и промоција на Поетската антологија на 49 Караманови поетски средби од
страна на Борче Понав.
На крајот следуваше доделување на наградата „Караманов“
за 2022 година на Мисоски за книгата „ЕФЕМИДИ“ која утре на вториот ден од
карамановите средби, ќе биде промовирана.
Инаку Карамановите поетски средби и годинава се одржуваат под покровителство на Општина Радовиш финансирани преку ОНБ Браќа Миладиновци, а во организација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш и Советот на Карамановите поетски средби. Манифестацијата беше пропратена со музички варијации од маестралните Ицов и Таушанов.