Струмица

Превентивни активности на СВР Струмица посветени на превенцијата од насилство

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица, во основното училиште “Даме Груев“ во село Куклиш, струмичко, одржаа едукативна работилница со учениците, посветена на превенцијата од насилство, пред се врсничкото насилство, но и на другите форми на насилство каде што децата се жртви.

Притоа, полициските службеници се осврнаа на насилно однесување на учениците во самите училишта и во училишните дворови, а стана збор и за штетните последици кои може да ги предизвика незаконската употреба на пиротехнички средства.

Исто така, во рамки на превентивните активности на Секторот за внатрешни работи Струмица, во Домот на култура „25-ти Мај“ во Валандово полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Валандово одржаа работна средба со претставници од Секторот за образование при општина Валандово, со директорите на основните и средното општинско училиште, како и со претставници на советите на родители и училишни совети, а во врска со едукативната кампања на МВР за безбедни училишта, информира СВР Струмица.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago