Радовиш

Радовиш беше домаќин на Трибина на градоначалниците од Југоисточниот регион кои се од редовите на ВМРО -ДПМНЕ

Синоќа во Радовиш беше одржана Трибина на градоначалниците од Југоисточниот регион и претставници од Советот каде мнозинството се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а во организација на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Радовиш. Поточно дел од трибината беа градоначалниците од општините Радовиш, Гевгелија, Конче, Ново Село, Босилово и Василево, како и претставници на повеќе комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е една од серијата на трибини кои се во организација на повеќе централни комисии на ВМРО-ДПМНЕ, каде главни теми се размена на искуства и идеи со цел подобро планирање на општинските буџети, како и мерки за ублажување на ефектите од светската економска и енергетска криза“, рече Марјан Ристески, Претседател на комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

На трибината која што се одржа во Центарот за култура „Ацо Караманов“ пред присутните дискутираа , Синиша Ивановски, Претседател на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Ацо Ристов, Градоначалник на Општина Радовиш, Сашко Стоиловски, член на Советот на Општина Гевгелија, Златко Ристов, Градоначалник на Општина Конче, Ристо Манчев, градоначалник на Општина Босилово, Славе Андонов, градоначалник на Општина Василево и Ѓорѓе Божинов, градоначалник на општина Ново Село.

На трибината говорниците ја потврдија потребата од транспарентно креирање на буџетот со што е можно поголема вклученост на граѓаните, што придонесува за носење на квалитетен буџет кој ќе може да ги вклучи барањата и потребите на што е можно повеќе страни и области.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago