Технологија

Новата израелска воена технологија им овозможува на корисниците да „гледаат низ ѕидовите“

Новата технологија им овозможува на корисниците да детектираат предмети и луѓе зад ѕидови со помош на алгоритам за следење базиран на вештачка интелигенција. Xaver 1000, производ на израелската компанија Camero-Tech, која се занимава со решенија за креирање слики, за прв пат беше претставен на изложбата Eurosatury 2022 во Париз. Овој уред е дел од линијата производи за „Гледање низ ѕидови“ и од компанијата велат дека обезбедува информации во реално време за предмети и луѓе скриени зад ѕидови.

Camero-Tech тврди дека новиот XAVER-1000 е „суштински систем“ за војската, полицијата, разузнавачките служби и спасувачките тимови. Може да открие присуство на живот во просториите, бројот на луѓе и нивната оддалеченост од системот, висината и ориентацијата на целта, како и општиот распоред на просторот. Оваа технологија може да прикажува живи објекти зад ѕидови со толку висока резолуција што може да се види дали некое лице седи, стои или лежи, дури и кога не се мрдало подолго време. Од компанијата велат дека уредот може да детектира и поединечни делови од телото.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Share
Published by
Media Press
Tags: israelwalls

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago