Струмица

Започна реконструкцијата на улицата „Крушевска Република“ во Струмица

Деновиве започна реконструкцијата на улицата „Крушевска Република“ во Струмица. Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот Костадин Костадинов со претставници од Секторот за урбанизам, претседателот на Советот Марјан Даскаловски и членови на истиот.

-Едно од основните начела во политиката е да се држиме до тоа што го ветуваме и да го реализираме она што е суштинска потреба и барање на граѓаните. Оваа инвестиција е комплетно финансирана од основниот буџет на општина Струмица со 19 милиони денари. Станува збор за реконструкција на 580 метри со комплетно вадење на постоечкиот асфалт, тампонирање и ставање на два нови слоја на асфалт. Од мое и од името на Советот им благодарам на граѓаните кои живеат долж поројот „Крушевска Република“ за трпението што го имаат, бидејќи околу 3 години тука се изведуваат градежни работи, што нормално доведува до нарушување на мирот на граѓаните, но нека се стрпат уште малку, односно, согласно јавната набавка во рок од 12 месеци ќе биде комплетно завршена улицата и овој дел од градот ќе биде убаво место за живеење, рече градоначалникот Костадинов.

Новопроектираната улица ќе биде широка 23 метри, од кои од двете страни ќе има асфалтна површина со ширина од 6 метри и останатото се рабници и тротоари од двете страни на улицата.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago