Македонија

До крајот на месецот вработените ќе треба да добијат регрес за годишен одмор (К-15)

До крајот на месецот на сите работници мора да им се исплати К-15 кој изнесува 12.740 денари. Фирмите кои нема да исплатат ќе се соочат со високи казни.

Право на регрес за годишен одмор (К-15) имаат сите вработени во приватниот сектор кои работеле кај ист работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година.

Износот на К-15 е различен секоја година и зависи од движењето на просечната нето и бруто плата во државата.

Минималниот износ на К-15 не треба да биде помал од 40 проценти од просечната нето плата во последните три месеци додека пак максималниот износ треба да биде до 40 проценти од просечнтата бруто плата во последните три месеци, пресметана од страна на Државниот завод за статистика.

Според последните податоци на ДЗС, износот на К-15  за 2022 година треба да изнесува минимум 12.740 данари, а маскимумот треба да е 19.055 денари.

Крајниот рок за исплата на К-15 е 31 декември 2022 година, а за работодавците кои нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago