Струмица

Општина Струмица го одбележа Денот на заштитниците на градот-Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици

Општина Струмица со пригодна програма го одбележа Денот на заштитниците на градот-Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Во истоимената црква се одржа света литургија на која присуствуваа градоначалникот Костадин Костадинов и неговите гости, меѓу кои беше и евроамбасадорот Дејвид Гир, членови на Советот и голем број граѓани.

Одбележувањето продолжи во Центарот за култура ,,Антон Панов” каде се одржа свечената седница на Советот на општина Струмица на која за значењето на овој ден зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов.

„Денес кога ни празнуваат душите и срцата во кои подигнавме храмови посветени на свештеномачениците, треба да го слушнеме Божјиот глас кој ни вели да се однесуваме и да дејствуваме согласно правилата за движење на патот кој сме го одбрале. Тоа е патот на човечноста, тоа е патот на добрината, тоа е патот на соработката, разбирањето, солидарноста, хуманоста, милосрдието и подадената рака. Тој пат не води до кантарот на кој се мерат нештата во животот. На едната страна од кантарот ќе ги препознаеме омразата, зависта, злото, нечовечноста и лагата, а на другата-љубовта, човечноста во човека, добрината и вистината“, рече Костадинов.

На свечената седница традиционално беа доделени годишните награди и наградата за животно дело “Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици”. Наградата за животно дело ја доби поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец и интернационалец, Владо Илиевски за особен придонес во областа на спортот.

Годишната награда ја добија КУД „Браќа Минкови“ од село Куклиш за особен придонес во областа на културата и уметноста, Мирјана Бурназ Кремшовски и Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, исто така, за особен придонес во областа на културата и уметноста, Ѓорги Костов во областа на хуманоста и крводарителство, Марјан Sингаров во областа на уметноста и Иван Станоевски во областа на културата.

На евроамбасадорот Дејвид Гир, му беше доделено специјално признание за извонредната соработка и континуираната поддршка на општина Струмица.

На седницата присуствуваа претставници на дипломатскиот кор во државата, на Владата на Република Македонија, поранешниот премиер Зоран Заев, црковни великодостојници, претставници на државни и општински институции и организации и граѓани почитувачи на Светите 15 Тивериополски свештеномаченици.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago