Македонија
Започна исплатата на финансиска поддршка, кој се ќе добие помош од Владата?
Објавено на
Од
Media Press
МТСП информира дека исплатата на финансиска поддршка започна со пензионерите, од денеска исплата ќе има и на останатите социјално загрозени граѓани
Како што информира министерката Јованка Тренчевска согласно законот опфатени се: корисници на право на социјална сигурност на стари лица, корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, со попреченост и трајни промени во здравствената состојба кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, без потреба од контролен преглед, самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош,корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари, корисници на право на надоместок за телесно оштетување и невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.
Исплатата на паричната помош за пензионерите со пензии пониски од 14.000 денари го врши Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, и првата исплата од четирите исплати ќе биде извршена со пензијата за месец декември. Исто така, тука влегува и надоместокот за телесно оштетување кое го исплаќа Фондот.
„Пензионерите кои земаат пензија не поголема од 11.525 денари месечно, добиваат по 1.500 денари месечно, за период од четири месеци. Пензионерите со пензии од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно, добиваат помош од 750 денари месечно, за период од четири месеци. Корисниците на надоместокот за телесно оштетување добиваат по 750 денари месечно, за период од четири месеци,“ рече Тренчевска.
Таа информираше дека на 12 декември (понеделник) Министерството за труд и социјална политика ќе ја исплати паричната помош за : корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. Овие граѓани ќе добијат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
Министерката извести дека, на 14 декември (среда) ќе биде исплатена и паричната помош за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, од страна на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Овие лица ќе добијат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
Поврзани содржини

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ЗПОРК – Радовиш со известување до пензионерите

Влада: Професионализмот во медиумите не е опција, туку обврска

Прочистувачи на воздух за 49 општини меѓу кои и Општина Радовиш, обезбедени од Владата

Потпишани договорите за „Реконструкција со пренамена на Стоковната куќа (втора фаза)и договор за „Реконструкција на културен дом „Ацо Караманов“ во Радовиш

Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

