Босилово
Трипуновски на трибина во Босилово: После овие пет години ќе биде радост ако најдеме млад човек која сака да се занимава со земјоделство
Published
2 месеци agoна
By
Media PressКомисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ организираше трибина во Босилово со земјоделците од целиот струмички регион, предводена од претстедателот на кимисијата Цветан Трипуновски.

Тој разговараше за проблемите со кои се соочуваат македонските земјоделци изминативе години, но и го презентира нивниот модел за решавање на проблемите, се со цел да се врати како што вели македонското земјоделие на здрави нозе.

Трипуновски рече дека тие како ВМРО -ДПМНЕ кога ќе дојдат на власт веќе имаат подготвено план и стратегија за спас на најголемата фабрика, земјоделието.
На трибината се обратија и Филип Филиповски кој зборуваше за состојбата во водостопанството, проф. др. Виктор Ѓамовски, Игор Лазаровски, Драги Памуков и Мите Манев, секој за проблемите во своите области.
Поврзани содржини
Радовиш беше домаќин на Трибина на градоначалниците од Југоисточниот регион кои се од редовите на ВМРО -ДПМНЕ
Договорена соработка помеѓу општина Босилово и Друштво за управување со отпад “НУЛА ОТПАД”
Цветан Трипуновски во посета на кванташкиот пазар во Струмица
Се одржа прославата на БЕНЛИ ТАШ – Камен на плодноста, во Општина Босилово
Еколошка пролет во Босилово, со пластични шишиња до овошни садници
Трибини на тема „Тутунопроизводството, проблеми и решенија“ беа одржани во Радовиш и во Конче
Босилово
Договорена соработка помеѓу општина Босилово и Друштво за управување со отпад “НУЛА ОТПАД”
Published
6 месеци agoна
август 17, 2022By
Media Press
Како резултат на соработката “НУЛА ОТПАД” донираше приколица за трактор за Општина Босилово со носивост од 4 тони. Во наредниот период, од страна на ” НУЛА ОТПАД”, ќе биде изграден и собирен центар за селекција на електронски отпад, а ќе бидат реализирани и низа едукативно превентивни активности за позитивните ефекти од селекцијата на отпадот.
Во наредниот период исто така ќе бидат реализирани активности за подигање на електронски отпад од домаќинствата, информира Општина Босилово.

Босилово
Важно: Известување до граѓаните на Општина Босилово
Published
8 месеци agoна
јуни 1, 2022By
Media Press
Се известуваат граѓаните на Општина Босилово да ги пријават штетите настанати поради невремето кое го зафати регионот на Општина Босилово на ден 29.05.2022 година.
Барањата да се поднесат во архивата на Општина Босилово до 03.06.2022 година (петок).
Во прилог на барањето да се достави копија од лична карта, имотен лист и трансакциска сметка.

Босилово
Се одржа прославата на БЕНЛИ ТАШ – Камен на плодноста, во Општина Босилово
Published
10 месеци agoна
март 23, 2022By
Media Press
Река од трактори полни луѓе се движеа меѓу сртот на селата Дрвош и Иловица во општина Босилово. Тешкиот и непрооден пат не ги спречи да стигнат до нивната крајна дестинација Бенли Таш – каменот на плодноста. Како што информираат од Општина Босилово, возобновени се обичаите и верувањата поврзани со ова место со цел популаризација на богатата традиција во погражденскиот регион.

„Во колективната меморија на жителите Бенли Таш е камен кој дава плодност на оние кои ќе минат низ неговиот отвор во форма на капија. Прославата на Бенли Таш има и културно- уметнички карактер. За промоција на етно кулинарството и на музичкиот фолклор организаторите обезбедуваат посебна трпеза со стари специјалитети, а културно-уметничките друштва го оживеаја мелосот. Качамакот е посебна одлика на нашиот крај“, велат од Општина Босилово.


Започна реновирањето на ПУ „Атанас Нивичански“ во Висока Маала, Општина Василево

Повторно пријава за физичка пресметка помеѓу две лица во Калаузлија

Дискусија на седница на Совет на Општина Радовиш, се бара решение на проблемот околу погребалните услуги

Двајцата министри се договорија за мирно чествување на роденденот на Гоце Делчев на 4 февруари
