Connect with us

Здравје

Висок крвен притисок, ризик фактори и како да се справите

Media Press

Published

на

Најчести компликации од висок крвен притисок се бубрежни заболувања, срцев и мозочен удар и срцева слабост.

Доколку страдате од покачен крвен притисок, тоа значи дека вашиот крвен притисок ги надминува границите на нормалните вредности. Доколку не започнете да го менувате начинот на живот, со физичка активност и консумирање на здрава храна, голема е веројатноста со тек на време да развиете хипертензија-висок крвен притисок.

  Додека пак намалувањето на прекумерната тежина, вежбањето и другите промени во насока на здрав начин на живот, честопати можат да го контролираат високиот крвен притисок и да постават темели за поздрав живот.

Ризик Фактори!

Секој фактор што го зголемува притисокот кон ѕидовите на артериите може да доведе до висок крвен притисок. Акумулацијата на масни наслаги во артериите (атеросклероза) може да предизвика висок крвен притисок.

Други фактори се: Возраст, Генетика, Стрес, Пушење на цигари, Консумација на алкохол повеќе од максимално препорачаната количина, Физичка неактивност, Дебелина, Покачени масти, Солена храна, Недоволен сон.

Возраста не мора да значи дека имате висок крвен притисок.

Можеби во модерниот начин на живот стресот е секојдневна појава. Меѓутоа, најдете начин да го намалите односно да се ослободите од стресот. Што на пример? Пешачете во природа. Посетете места кои ви причинуваат задоволство. Споделете со лица кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот.

Доколку употребувате тутун, исфрлете го од вашиот живот веднаш после ова видео.

Намалете ја дневната консумација на алкохол на една алкохолна единица доколку сте припадник на женскиот пол односно на две ако сте припадник на машкиот пол или помалку. Со други зборови, тоа би било вака; една лкохолна едница дневно или една чаша вино од 150 мл дневно, пиво во износ од 330 мл или жесток алкохолен пијалак од 10 мл (виски, ракија и сл.).

Редукција на внес на алкохол, неделна консумација 240 g за мажи, а 160 g за жени.

Ограничете го времето пред екран. Пешачењето е најдобар начин за физичка активност за сите возрасни категории. 30 минути на умерена физичка активност дневно, односно минимум 150 минути неделно. Умерена физичка активност вклучува аеробни активности како брзо одење, танцување, пливање или возење велосипед на рамен терен.

Избегнувајте јадење надвор од домот, брза и преработена храна. Вкупен дневен внес на сол не треба да ви биде повеќе од 5 грама. Не додавајте дополнителна количина сол на храната. Избегнувајте или намалете го внесот на храна со висока количина на сол како сувомеснати производи, тестенини, солени јаткасти производи и слично.

Покачениот крвен притисок не се манифестира со забележливи симптоми. Единствениот начин да се открие како состојба е да водите контролирана евиденција за вредностите на крвниот притисок. Проверете го крвниот притисок секогаш кога ќе го посетите лекарот или проверете го дома со домашен мерач на крвен притисок.

Пред мерењето, и се овозможува на личноста одмор од неколку минути во тивка просторија

Се изведуваат најмалку две последователни мерења на растојание од 1-2 минути, а доколку разликата е голема, се изведува и дополнително мерење. Повисоката измерена вредност е референтна.

Манжетната треба да биде во висина на срцето, независно од положбата на личноста.

СЗО препорачува крвниот притисок да е  <140/90 mmHg кај сите пациенти со хипертензија без коморбидитети. Кај лица кои имаат висок ризик од кардиоваскуларни заболувања, дијабетес мелитус, хронична бубрежна болест препорачана цел е систолниот крвен притисок да е  <130 mmHg.

Високиот крвен притисок може да се влоши и да се претвори во хипертензија. Хипертензијата може да ги оштети вашите органи и да го зголеми ризикот за разни болести, вклучувајќи срцев удар, срцева слабост, хеморагичен мозочен удар, аневризми, и откажување на бубрезите.

Препорачаните промени во стилот на живеење за лекување на висок крвен притисок помагаат и во спречување на хипертензија. Се препорачува: консумирајте здрава храна, консумирајте помалку сол, редовно вежбајте, одржувајте здрава тежина, консумирајте помалку алкохол, контролирајте го стресот и откажете се од пушењето. Сето ова треба да се свати сериозно. Започнете да прифаќате поздрави навики уште денес.

Од рубриката „Биди сам свој лекар“

Линк до информација: https://www.iph.mk/visokiot-krven-pritisok-e-tivok-ubiec/

Здравје

СУВА БРУСНИЦА: Совршена за вашето здравје

Media Press

Published

на

  
 

Сувите брусници се одлична закуска ако брзате. Содржат многу калории и шеќер, но и бројни вредни витамини и минерали.
 
 Конзумирањето секако се препорачува, но внимавајте на претерување во количината. Затоа, обрнете внимание на декларацијата и следете ги препорачаните големини на порциите.
 
 Само една третина од чаша сушени брусница обезбедува дури 123 калории и содржи 0,55 грама масти. За среќа, ова се претежно здрави незаситени масти кои можат да помогнат во намалување на холестеролот и регулирање на шеќерот во крвта.
 
 
 Сувите брусница содржат големи количини шеќер. Третина од чаша сушени брусница содржи 26 грама шеќер. Тоа е повеќе од шест лажици и претставува дневна граница на внесување шеќер. Премногу шеќер може да го зголеми нивото на триглицериди, зголемувајќи го ризикот од срцеви заболувања.
 
 Сепак, само една третина од чаша сушени брусница го снабдува телото со 0,43 милиграми витамин Е. Витаминот Е е антиоксиданс кој помага да се уништат слободните радикали, кои предизвикуваат оштетување на клетките.
 
 Јадењето суви брусница ќе ви обезбеди и железо, калиум и витамин Ц.
 
 Сокот од брусница се препорачува за превенција и третман на инфекции на уринарниот тракт, но овие мали плодови имаат многу повеќе далекусежни здравствени придобивки.
 
 Една студија покажа дека консумирањето сушени брусница со помалку шеќер може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2.
 
 Друга студија од „Journal of Food Science“ покажа дека сувите брусница задржуваат многу од своите антиоксиданси дури и по процесот на сушење. Антиоксидансите од сувите брусница можат да помогнат да се намали воспалението и да се намали ризикот од хронични здравствени проблеми како што се срцевите заболувања.

Прочитај повеќе

Здравје

Ревакцинирани се 47% од полнолетните граѓани на нашата држава

Media Press

Published

на

Министерството за здравство во последниот извештај за вакцинацијата во нашата држава известува дека заклучно со 13 ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833, а трета доза примиле 54.170 граѓани. 56% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58% , а со две дози опфатени се 47% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Според статистика за изминативе три месеци, 36.980, граѓани, односно 71% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. 

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SarsCoV2.

Прочитај повеќе

Здравје

Дијабетесот е надвор од контрола

Media Press

Published

на

Новите бројки на Меѓународната федерација за дијабетес откриваат алармантен раст на застапеноста на дијабетесот.

Дијабетесот е значаен глобален предизвик за здравјето и благосостојбата на луѓето, семејствата и земјите.

Заклучокот од истражувањето е дека 1 од 10 возрасни лица има дијабетес. Во моментот 537 милиони возрасни луѓе ширум светот живеат со дијабетес и до крајот на 2030 година бројката на возрасни луѓе со дијабетес се предвидува дека ќе се искачи на 643 милиони.

Во нашата држава само во 2020 година има 7432 новозаболени лица од дијабетес од кои 53,5% се жени и 46,5% се мажи.

Светскиот ден на дијабетесот се одбележува 14 Ноември

Прочитај повеќе