Македонија
Ковачевски: Откупот на тутунот годинава стартува со над 26% повисока цена
Published
1 година agoна
By
Media Press
Просечната откупна цена на тутунот во моментот е
252,80 ден/кг или во однос на 2021 година е за 26,12% (200,44 денари/кг)
повисока, рече премиерот Димитар
Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање. Ковачевски рече дека тутунот е наша стратешка извозно
ориентирана гранка и во изминатите пет години бележи стабилно и одржливо
производство, а Владата обезбедува мерки кои даваат позитивни резултати.
“Законски откупот треба да почне најдоцна до 15-ти
декември, годинава откупот на тутунот од реколтата 2022 годинава започнува од
понеделник и можам да кажам дека според податоците од Државниот инспекторат за
земјоделство, годинешниот откуп стартува со позитивни бројки од аспект на
планирано количество на откуп и откупна цена на тутунот.
Динамиката за откуп е многу поголема во споредба
со претходната година и согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни
производи, откупот на тутунот произведен во тековната година започнува во сите
откупни пунктови кои се пријавени најдоцна до 15-ти декември во тековната
производна година и завршува најдоцна до 28-ми февруари во наредната година
(односно најдоцна до 31-ви март за вишок на произведен тутун на договорените
површини за производство на тутун).
Оваа година откуп на тутун ќе вршат десет компании
кои се пријавени на 200 откупни пунктови низ државата.
Податоците покажуваат дека ова година има повеќе
склучени договори за откуп за разлика од претходната година. За реколта 2022
година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од лани кога биле
склучени 27.712 договори. Пораст има и кај договорената површина каде што има
зголемување за 14,14 %.
Оваа година се очекува да се откупи 21.000 тони
тутун што е за 12,5 % повеќе од лани кога се откупиле 18.662 тони тутун.
Се очекува тутун со подобар квалитет во однос на минатата година“, рече во својот говор Ковачевски.
Поврзани содржини
(Видео) Се одржа централна свеченост по повод Денот на Армијата на Македонија
ОМД побара извинување од Ескобар за употребата на “северномакедонците”
Пожарот кај с.Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е се уште активен, но со намален интензитет
Бројот на активни случаи на Ковид се искачи на 3.595, следува ли нов ковид-бран?
Ковачевски: По 17 години чекање ги отвораме преговорите со ЕУ со заштитен македонски јазик. ВМРО -ДПМНЕ: Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ
Македонија утре во Брисел ќе ја одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ, откако вчера беше потпишан протоколот со Бугарија
Македонија
МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито
Published
1 ден agoна
декември 1, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.
Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.
Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.
Македонија
Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ
Published
3 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.
„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Македонија
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
Published
3 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
