Гевгелија
Лишен од слобода криумчар на мигранти
Published
1 година agoна
By
Media Press
Вчера во 11.30 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на клучка Миравци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ј.И. (26) од Скопје, затоа што со возило „алфа ромео” со швајцарска национална ознака, превезувал осум лица мигранти (шест од Сирија и две од Пакистан). Претходно, на автопатот кај место викано „Одмаралиште“, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, но набргу бил запрен и лишен од слобода.
По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против Ј.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Поврзани содржини
Приведен криумчар од Струмица затекнат со група од 11 мигранти
Удрил во семафор на раскрсница во Струмица и побегнал, во возилото превезувал 17 лица мигранти
Приведени двајца криумчари на мигранти кај „Раскрсница Удово“, сузбиена е и меѓународна група за криумчарење мигранти
Приведен криумчар на мигранти од Богданци
Приведен криумчар на мигранти, превезувал четворица сиријци
Мигрантите во превртениот камион кај Валандово биле од Сирија
Гевгелија
Гевгеличанец додека бил на лов се здобил со повреда од огнено оружје
Published
3 недели agoна
ноември 13, 2023By
Media Press
Исто така вчера во 15.50 часот во Полициската станица Гевгелија, од Јавна здравствена установа Гевгелија било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен И.С.(56) од Гевгелија. Според пријавеното, тој се здобил со повредата истиот ден околу 13.00 часот додека бил на лов во атар на с.Кованев. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.
Гевгелија
2.300 вљубеници и истакнати спортисти во атлетиката дел од најмасовната атлетска трка во Гевгелија
Published
4 недели agoна
ноември 7, 2023By
Media Press
Гевгелија и годинава со Атлетската трка November run, во организација на Атлетскиот клуб „7 Ноември“, беше центар на најмасовната трка со што покажа дека е способна да биде успешен домаќин и организатор на светски спортски настан. За фактот дека од година во година оваа трка добива се поголемо реноме, зборува бројот на учесници – 2.300 вљубеници и истакнати спортисти во атлетиката од Македонија и 15 други земји, кои трчаа по гевгелиските улици, на трките на 5 и 10 км., детските трки и за првпат организираната инклузивната трка „Трчањето не познава граници“ и лиценцираната патека од Светската Атлетска федерација. Но, и признанијата од легендарниот македонски олимпиец, Шабан Трстена, кој беше специјален гостин на November run, како и од домашните и странски учесници, кои не го криеја своето задоволство од добрата организација и успешноста на настанот со објави и коментари на социјалните мрежи. Имено, на двете трки на 5 и 10 км., во машка и женска конкуренција учествуваа 1.100 натпреварувачи, меѓу кои и 60 натпреварвачи од 16 странски земји.
Дарио Ивановски од Скопје со време 30,16 минути и Греса Бакраги од Косово со време 34,54 минути на 10 километри први пристигнаа на целта и освоија златни медали и златни пехари на 3. маратон November run Gevgelija 2023.

Гевгелија
Приведени две лица од Гевгелија за сторено кривично дело „разбојништво“
Published
4 недели agoна
ноември 3, 2023By
Media Press
Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Д.Џ.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“.
Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. и со употреба на сила одзела накит од жителка на Гевгелија.
По преземени мерки и активности, на 01.11.2023 двајцата биле лишени од слобода и во службен разговоро во полициска станица го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
