Радовиш

Со пригодна програма ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш го одбележа својот Патронен празник

ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш го одбележа својот Патронен празник. На Свечената академија која се одржа синоќа во Центарот за култура „Ацо Караманов“, учениците, подготвени од своите ментори- одделенските наставници и наставниците по македонски јазик и музичко образование, пред големиот број публика, ја презентираа богатата мултимедијална програма за чествување на Патрониот празник.

Свеченоста ја отвори директорката на училиштето Лујза Спасова, која ги поздрави присутните.

Притоа, од нејзина страна му беше врачена Плакети на поранешниот извршен директор на Рудникот Бучим Николајчо Николов, за како што рече, несебичното помагање на училиштетото да се обезбеди со потребната опрема при спроведувањето на онлајн настават од пред две години поради ковид пандемијата, како и помош при други потреби на училиштето. Плакета беше врачена и на директорот од збратименото училиште од Општина Велика Плана, Србија.

Во продолжение учиниците се претставија со богата музичка програма, поетско сценски рецитал „Туѓината пуста да остане“ во изведба на учениците од осмо и деветто одделение, и драмата Печалбари.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago