Connect with us

Валандово

Украдени пари од црква во Валандовско

Media Press

Published

на

Украдени пари од црква во Валандовско.

Имено, во ОВР Валандово било пријавено дека ноќта помеѓу 13/14.11.2022 со употреба на сила и погоден алат било влезено во црквата „Св.Петка“ во с.Марвинци и биле одземени пари од кабината за продажба на свеќи. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Струмица.

Валандово

Нов детски парк во Пирава, Општина Валандово

Media Press

Published

на

На местото на старите и дотраени елементи, започна изградба на нов парк и поставувањето на нови детски играчки.

Овој парк, е донација од Државна видеолотарија – КасиносАвстрија, како општествено одговорна компанија, информираат од Општина Валандово.

Како што стои во објавата од општината за наредниот период, планирана е изградба на нови детски зони низ останатите населени места во општината и обезбедување подобри услови за секое дете.

„Парковите за деца се од исклучителна важност, за најмалите во заедницата. На овие простори, децата се рекреираат, социјализираат и правилно се развиваат“, стои во објавата на градоначалникот Перо Костадинов на социјалните мрежи.

Прочитај повеќе

Валандово

Општина Валандово и годинава ја одржа традиционалната манифестација „Валандовска ракијада“

Media Press

Published

на

Општина Валандово и годинава ја одржа традиционалната манифестација „Валандовска ракијада“. Учествуваа 19 натпреварувачки тимови со по двајца учесници и стручна комисија, која одлучуваше за најдобрите. Градоначалникот Перо Костадинов вели дека целта на оваа манифестација е зачувување на традицијата.

Учесниците се натпреваруваа во производство на лозова ракија со марифет пренесуван генерации наназад. Според изборот на стручната комисија, најдобри три тима во производство на ракија годинава беа: Никола Смилјанов и Владимир Пандев; Здравко Коцевски и Горан Каракамчев; Никола Николов и Васко Узунов;

Според Костадинов Ракијада е настан кој обединува и сплотува. Се испраќа пораки за заедништво, важноста на фамилијарната традиција и негување на вредностите наследени од нивните предци.

Покрај варењето ракија, мнифестацијата беше збогатена и со богата културно уметничка и забавна програма.

Прочитај повеќе

Валандово

Општина Валандово го објави повикот за еднократна субвенција на лицата со попреченост

Media Press

Published

на

Општина Валандово го објави повикот за аплицирање за новата еднократна субвенција, наменета за поддршка на лицата со попреченост.

 Истиот, ќе биде отворен до 31.10.2022 година.

Се работи за финансиска поддршка во висина од 20.000 денари за лицата со следните категории на попреченост:

– Лица со тешка или длабока интелектуална попреченост;

– Лица со пречки во физичкиот развој;

– Лица со аутизам;

– Потполно слепи лица;

– Потполно глуви лица;

Документите кои се потребни да се аплицира за ова субвенција се следните:

Наод и мислење за оцена на видот и степенот на попреченоста издаден од соодветна установа или потврда од центарот за социјални работи дека лицето остварува право на надоместок поради попреченост врз основа на конзилијарно мислење од првостепена комисија составена од тројца лекари специјалисти од соодветна терцијална здраствена установа;

Важечка лична карта за лицето кое бара еднократна парична помош, или лична карта на родител/старател;

Трансакциска сметка за лицето кое бара еднократна помош или трансакциска сметка на родител/старател;

Право за аплицирање имаат сите лица од погоре наведените категории, до 65 годишна старост.

Барањето за остварување на правото за ова еднократна поддршка, може да се поднесе:

онлајн преку веб или мобилната апликација на дигиталната платформа #мЗаедница, во делот за „Субвенции“;

писмено пополнување и поднесување на барање до архивата на Општина Валандово;

Прочитај повеќе