Од денеска задолжителна обврска за носење зимска опрема во возилата
Од 15 ноември почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема
во возилата која ќе трае до 15 март.
Републичкиот совет за
безбедност на сообраќајот на патиштата упати апел до возачите да бидат подговорни и да ја почитуваат законската обврска, иако временските услови сѐ уште се стабилни.
На возачите кои нема да ја
почитуваат законската обврска им се издава платен налог со глоба во износ од 45
евра во денарска противвредност, односно им се регистрираат 25 негативни
бодови.
Воедно полициски службеник може
да нареди прекин на натамошното движење на возилото, ако возачот не постапи
според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба, како и во
ситуација кога не постои таков сообраќаен. Ако зимските услови на патот не
овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно
задолжително да ја постави зимската опрема на возилото.
РСБСП апелира до возачите да направат зимска проверка и подготовка на своето возило, навреме да ја обезбедат потребната зимска опрема, секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат.
Покрај задолжителната зимска опрема, потребно е да се направи и зимска проверка на возилото односно: проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот и притисокот на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло и брави.
Под зимска опрема на моторни возила
со дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбираат зимски пневматици
на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм. или летни гуми на сите
тркала со длабочина од најмалку 4 мм, доколку возилото во приборот има синџири
за снег.
Моторните возила со погон на четири
тркала потребно е да имаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина од
6 мм. или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите од
најмалку 4 мм, ако во возилото има синџири за снег. – Во случај кога имаат
постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а
во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на
постојано вклучената осовина, информираат од МВР.
За возилата кои се потешки од 3.500
кг. како зимска опрема се сметаат зимски гуми со минимална длабочина на шарите
од 6 мм или летни гуми на сите тркала со длабочина на шарите од минимум 4 мм,
доколку во возилото има синџири за снег. Автобусите и товарните возила кои
поради технички причини не можат да постават синџири за снег, треба да имаат
зимски пневматици и припарен алат, односно лопата.
Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
РСБСП советува брзината да се прилагоди според условите на патот, да се почитува растојанието меѓу возилата, да се избегнува нагло сопирање на возилото, а да се избегнува и нагло намалување или зголемување на брзината на возилото.