Студентите најавуваат масовен студентски марш во четврток во 17:00 часот, откако по вечерашната средба во Собранието помеѓу премиерот, претставниците на студентските собранија, пратеници и министри, јавно соопштија дека не се задоволни од крајниот исход и од одлуките кои се донесоа .
Во објавеното соопштение од
Студентски отпор се вели дека студентите остануваат на нивните барања:
1. Издвојување на средства од буџетот
за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари
на 150 денари дневно;
2. Издвојување на средства од буџетот
за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното
покачување на стипендиите;
3. Издвојување средства за реновирање
и обезбедување на нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен
план за формирање на „студентски градови” и стоп за најавената
приватизација на студентските домови;
4. Издвојување доволно средства за
изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и
штедење струја.
„Со оглед на тоа што единственото
барање кое се прифати е повлекувањето на измените на Предлог-законот за
студентски субвенциониран оброк, најавуваме дека нема да отстапиме сѐ додека
итно не се реализираат и останатите наши барања и повикуваме во четврток
(17.11.2022), на Меѓународниот ден на студентите, на масовен студентски марш од
17:00 часот“
стои во соопштението.
Маршот ќе започне од Министерството за
образование и наука по што сите заедно ќе се упатат кон Собранието на Македонија.
Воедно, од Студентски
отпот ги повикуваат сите студентски организации,
универзитетските и факултетските студентски собранија, професори, здруженија и
невладини организации да се придружат во ннивнатаборба.