Connect with us

Македонија

Од денеска задолжителна обврска за носење зимска опрема во возилата

Media Press

Published

на

Од 15 ноември  почнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата која ќе трае до 15 март.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упати апел до возачите да бидат подговорни и да ја почитуваат законската обврска, иако временските услови сѐ уште се стабилни.

На возачите кои нема да ја почитуваат законската обврска им се издава платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, односно им се регистрираат 25 негативни бодови.

Воедно полициски службеник може да нареди прекин на натамошното движење на возилото, ако возачот не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба, како и во ситуација кога не постои таков сообраќаен. Ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот,  односно задолжително да ја постави зимската опрема на возилото.

РСБСП апелира до возачите да направат зимска проверка и подготовка на своето возило, навреме да ја обезбедат потребната зимска опрема, секогаш да ја носат во своето возило и правилно да ја користат.

Покрај задолжителната зимска опрема, потребно е да се направи и зимска проверка на возилото односно: проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло,  проверка на акумулаторот и притисокот на пневматиците, обезбедување на течност или спреј за одмрзнување на стакло и брави.

Под зимска опрема на моторни возила со дозволена маса која не надминува 3.500 кг. се подразбираат зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм. или летни гуми на сите тркала со длабочина од најмалку 4 мм, доколку возилото во приборот има синџири за снег.

Моторните возила со погон на четири тркала потребно е да имаат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина од 6 мм. или пневматици со летен профил на сите тркала со длабочина на шарите од најмалку 4 мм, ако во возилото има синџири за снег. – Во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина, информираат од МВР.

За возилата кои се потешки од 3.500 кг. како зимска опрема се сметаат зимски гуми со минимална длабочина на шарите од 6 мм или летни гуми на сите тркала со длабочина на шарите од минимум 4 мм, доколку во возилото има синџири за снег. Автобусите и товарните возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег, треба да имаат зимски пневматици и припарен алат, односно лопата.

Зимски гуми се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МЅ“, „М+Ѕ“, „М&Ѕ“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

РСБСП советува брзината да се прилагоди според условите на патот, да се почитува растојанието меѓу возилата, да се избегнува нагло сопирање на возилото, а да се избегнува и нагло намалување или зголемување на брзината на возилото.

Македонија

287 санкции за брзо возење биле изречени во теков на вчерашниот ден

Media Press

Published

на

287 санкции за брзо возење биле изречени во теков на вчерашниот ден на територијата на Република Македонија

Како што информира  Министерството за внатрешни работи вчера била  спроведена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани биле 287 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Прочитај повеќе

Македонија

Ковачевски: Откупот на тутунот годинава стартува со над 26% повисока цена

Media Press

Published

на

Просечната откупна цена на тутунот во моментот е 252,80 ден/кг или во однос на 2021 година е за 26,12% (200,44 денари/кг) повисока, рече премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање. Ковачевски рече дека тутунот е наша стратешка извозно ориентирана гранка и во изминатите пет години бележи стабилно и одржливо производство, а Владата обезбедува мерки кои даваат позитивни резултати.

“Законски откупот треба да почне најдоцна до 15-ти декември, годинава откупот на тутунот од реколтата 2022 годинава започнува од понеделник и можам да кажам дека според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, годинешниот откуп стартува со позитивни бројки од аспект на планирано количество на откуп и откупна цена на тутунот.

Динамиката за откуп е многу поголема во споредба со претходната година и согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, откупот на тутунот произведен во тековната година започнува во сите откупни пунктови кои се пријавени најдоцна до 15-ти декември во тековната производна година и завршува најдоцна до 28-ми февруари во наредната година (односно најдоцна до 31-ви март за вишок на произведен тутун на договорените површини за производство на тутун).

Оваа година откуп на тутун ќе вршат десет компании кои се пријавени на 200 откупни пунктови низ државата.

Податоците покажуваат дека ова година има повеќе склучени договори за откуп за разлика од претходната година. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од лани кога биле склучени 27.712 договори. Пораст има и кај договорената површина каде што има зголемување за 14,14 %.

Оваа година се очекува да се откупи 21.000 тони тутун што е за 12,5 %  повеќе од лани кога се откупиле 18.662 тони тутун. Се очекува тутун со подобар квалитет во однос на минатата година“, рече во својот говор Ковачевски.

Прочитај повеќе

Економија

Просечната исплатена нето-плата во септември годинава изнесувала 32 553

Media Press

Published

на

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32 553 денари и е за 12,8 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија (17.9 %).

Минималната синдикална кошница која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) изнесува 50.224 денари за септември.

Од ССМ предупредуваат дека инфлацијата излегла од контрола и дека според последните пресметки достигнала 18.7 отсто, владата, како што велат, не преземала ништо во изминатиот период да се спречи галопирачкиот раст, додека трендот на осиромашување на работниците и граѓаните никој не го спречува туку напротив газдите се закануваат со откази.

Прочитај повеќе