Connect with us

Струмица

После 40 години Струмица доби нова детска градинка. Премиерот Ковачевски и градоначалникот Костадинов денеска ја пуштија во употреба

Avatar

Published

на

После 40 години Струмица доби нова детска градинка. Денеска, градоначалникот Костадин Костадинов, заедно со претседателот на Владата Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и вишата специјалистка за образование при Светска Банка, Бојана Нацева, со пригодни обраќања и на симболичен начин, ја предадоа во употреба новата детска градинка „Виножито“ во Струмица.

Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Костадинов меѓу другото истакнa: „Зарем е потребно да се повторува што значи оваа детска градинка за Струмица и нејзините граѓани, но ако се знае дека нашиов град, според моите сознанија, добива нова детска градинка по цели 40 години, тогаш треба да се каже дека вакво капитално дело треба да биде причина за радост за секој граѓанин од нашава општина. Нека ни е честита детската градина „Виножито“, нека се спокојни младите родители и нека се безгрижни, весели и среќни струмичките деца“, порача Костадинов.

Инаку, градинката „Виножито“, која се одликува со преубав и современ екстериер и ентериер, има капацитет за 244 деца од предучилишна возраст, а покрај многуте содржини располага и со паркинг простор за 27 автомобили наменет за родителите.

Струмица

Загина возач на камион од Струмица, возилото излетало од коловозот на патот Струмица-Валандово

Avatar

Published

на

Вчера околу 14.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека околу 14.00 часот на регионален пат Струмица-Валандово товарно возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки управувано од Р.Р.(60) од Струмица излетало од патот. Од здобиените повреди починал возачот Р.Р., а смрт констатирал лекар од Медицински центар Валандово. Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа на Полициската станица Валандово.

Прочитај повеќе

Струмица

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали

Avatar

Published

на

Приведен крадец во Струмица кој извршил тешка кражба во плац за градежни материјали.

Имено како што информира МВР, денеска (27.03.2024) во 01.45 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.А.(32) од село Василево, струмичко. Тој бил приведен од полициските службеници веднаш по извршување на „тешка кражба“ во плац за градежни материјали во Струмица, при што кај него биле пронајдени предметите кои ги одзел.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Д.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Струмица

Струмичките пожарникари интервенирале на запалено возило

Avatar

Published

на

На 21.03.2024 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул.„Климент Охридски“ во Струмица настанал пожар на паркирано патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки. По интервенција на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 20.03.2024 во Полициското одделение Ново Село било пријавено дека на локален пат во близина на село Сушево, струмичко, настанал пожар на паркирана работна машина – багер. Во пожарот повредени лица нема. Увид на местото на извршила екипа на СВР Струмица.

Прочитај повеќе