Connect with us

Македонија

Прехранбената индустрија, водостопанствата и училиштата од денеска ќе склучуваат договори за снабдување со поевтина електрична енергија

Media Press

Published

на

Премиерот Димитар Ковачевски, на денешната прес-конференција информира дека веќе се утврдени процедурите и ЕСМ ја подготви потребната документација, врз основа на која ќе се склучат договорите со „ЕСМ продажба“ за снабдување со електрична енергија за физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, како и основните и средни јавни училишта.

„Со оваа мерка се опфатени три категории на потрошувачи:

I КАТЕГОРИЈА – физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност од областа на прехранбената индустрија
Тука се основните продукти, месо, млеко, леб, масла итн.

Цената на електричната енергија за нив ќе биде 80 e/MWh и ќе важи само за потрошувачката на броилата за извршување директно на приоритетната дејност, значи исклучиво во производниот процес.  Целта е да се одржи стабилна цената на основните прехранбени производи, односно да не дојде до раст на нивните цени предизвикани од исклучително високите сметки за струја или прекин на производството.

II КАТЕГОРИЈА – спаѓаат јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни или пречистителни станици

Цената на електричната енергија за нив ќе биде 95 e/MWh.

III КАТЕГОРИЈА – основни и средни јавни училишта

За да имаме топли училишта и топли болници во оваа кризна состојба Владата со одлука обезбеди за 365 основни и 109 средни училишта како и за здравствените установи повластена цена на струја од ЕСМ од 95 евра/MWh. Целта на снабдувањето на училиштата е да се осигура настава, односно дека нема да дојде до нарушување на воспитно-образовниот процес од причини недостиг на струја, исклучување поради неподмирени високи сметки итн. поврзани со електричната енергија“, рече Ковачевски на одржаната прес конференција.


Со оваа одлука Владата го задолжила АД ЕСМ преку „ЕСМ продажба“ во текот на траењето на енергетската криза, до 30.4.2023 година, да ги снабдува со електрична енергија овие категории потрошувачи, дополнително од досегашното задолжение кое што го има според Закон.

Потрошувачите можат да склучат договори за снабдување со електрична енергија од АД ЕСМ секој први во месецот, односно, 1 декември 2022, потоа 1 јануари, 1 февруари, 1 март и 1 април 2023.

Но се поставува прашањето дали мерката ќе придонесе да се намалат цените на основните прехранбени производи, кога тие годинава, се зголемија дупло.

Македонија

287 санкции за брзо возење биле изречени во теков на вчерашниот ден

Media Press

Published

на

287 санкции за брзо возење биле изречени во теков на вчерашниот ден на територијата на Република Македонија

Како што информира  Министерството за внатрешни работи вчера била  спроведена акциска контрола на територијата на државата, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани биле 287 возачи.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 172 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 115 надвор од населено место.

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Прочитај повеќе

Македонија

Ковачевски: Откупот на тутунот годинава стартува со над 26% повисока цена

Media Press

Published

на

Просечната откупна цена на тутунот во моментот е 252,80 ден/кг или во однос на 2021 година е за 26,12% (200,44 денари/кг) повисока, рече премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање. Ковачевски рече дека тутунот е наша стратешка извозно ориентирана гранка и во изминатите пет години бележи стабилно и одржливо производство, а Владата обезбедува мерки кои даваат позитивни резултати.

“Законски откупот треба да почне најдоцна до 15-ти декември, годинава откупот на тутунот од реколтата 2022 годинава започнува од понеделник и можам да кажам дека според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, годинешниот откуп стартува со позитивни бројки од аспект на планирано количество на откуп и откупна цена на тутунот.

Динамиката за откуп е многу поголема во споредба со претходната година и согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, откупот на тутунот произведен во тековната година започнува во сите откупни пунктови кои се пријавени најдоцна до 15-ти декември во тековната производна година и завршува најдоцна до 28-ми февруари во наредната година (односно најдоцна до 31-ви март за вишок на произведен тутун на договорените површини за производство на тутун).

Оваа година откуп на тутун ќе вршат десет компании кои се пријавени на 200 откупни пунктови низ државата.

Податоците покажуваат дека ова година има повеќе склучени договори за откуп за разлика од претходната година. За реколта 2022 година склучени се 29.653 договори што е за 7% повеќе од лани кога биле склучени 27.712 договори. Пораст има и кај договорената површина каде што има зголемување за 14,14 %.

Оваа година се очекува да се откупи 21.000 тони тутун што е за 12,5 %  повеќе од лани кога се откупиле 18.662 тони тутун. Се очекува тутун со подобар квалитет во однос на минатата година“, рече во својот говор Ковачевски.

Прочитај повеќе

Економија

Просечната исплатена нето-плата во септември годинава изнесувала 32 553

Media Press

Published

на

Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32 553 денари и е за 12,8 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19.1 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.8 %) и Преработувачка индустрија (17.9 %).

Минималната синдикална кошница која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) изнесува 50.224 денари за септември.

Од ССМ предупредуваат дека инфлацијата излегла од контрола и дека според последните пресметки достигнала 18.7 отсто, владата, како што велат, не преземала ништо во изминатиот период да се спречи галопирачкиот раст, додека трендот на осиромашување на работниците и граѓаните никој не го спречува туку напротив газдите се закануваат со откази.

Прочитај повеќе