Connect with us

Радовиш

Православните верници денеска го слават Митровден кој спаѓа меѓу поголемите есенски празници

Media Press

Published

на

Православните верници денеска го слават Митровден кој спаѓа меѓу поголемите есенски празници поврзани со домашни служби. Митровден се празнува во спомен на светиот великомаченик Димитриј Солунски, наречен уште и чудотворец.

По тој повод денеска во црковниот храм св.Троица во Радовиш се одржа света божествена литургија. Светиот великомаченик Димитрија живеел во третиот век по Христа. Се родил во Солун и бил син на градоначалникот на овој град. Легендата вели дека солунскиот војвода долго немал пород и по многуте молитви упатени кон Бога бил даруван со машко дете, кое со големо внимание го образувал и воспитувал и го воведувал во христијанството.

Во тоа време овие краишта биле во составот на Римската империја и со нив управувал царот Максимијан, кој бил паганин и жестоко ги прогонувал христијаните. По смртта на татко му, Димитрија бил именуван од страна на Максимијан за градоначалник на Солун при што бил советуван да биде немилосрден кон христијаните, да ги убива и прогонува секаде каде што ќе ги сретне. Но Димитрија бил христијанин. Најпрвин тајно, а потоа и јавно го поддржувал христијанството.

 Неговите мироточиви мошти се наогаат во црква во Солун каде  бил погубен и чесно погребан од  православни христијан. За неговата чудотворна моќ и ден денеска се зборува бидејќи се случувале многу чуда и по неговата смрт.

Овој празник меѓу народот е познат како Митровден и се празнува на 8 ноември според новиот календар. Го означува завршувањето на  летниот и почетокот на  зимскиот период од годината. Поради собраните плодови, значително намалениот ден, и студеното време  се вели дека со Митровден започнува зимата.

Во повеќе фамилии Митровден е домашен празник, и се чекаат гости во чест на славеникот кој го носи неговото име.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Општина Радовиш го сподели Предлог Буџетот за 2023 со јавноста

Media Press

Published

на

Општина Радовиш го сподели Предлог Буџетот за 2023 со јавноста, ни понатаму може да се доставуваат предлози и сугестии.

„Сите сугестии и забелешки од јавноста може да се достават на емаил: info@radovis.gov.mk или во архива во Општината, за да може да бидат земени во предвид и имплементирани пред доставување на Предлог буџетот до Советот“, велат од општината.

Предлог Буџет на општина Радовиш за 2023  (погледни) 

Прочитај повеќе

Радовиш

Во 2023 година Општина Радовиш ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон

Media Press

Published

на

Во 2023 година  Општина Радовиш ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон, ова го најави Велосипедската федерација на Македонија.

„Во општина Радовиш велосипедскиот клуб “Бел Камен” долги години го развива планинскиот велосипедизам. Во минатото Ацо Ристов како приватен стопанственик беше најголем поддржувач на локалниот клуб а сега како градоначалник уште повеќе се залага за развој на велосипедизмот и спортот воопшто во овој регион. Во 2023 година општината ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон на кој се очекува учество на повеќе стотини велосипедисти од сите краишта на Македонија“, стои во објавата од Велосипедската федерација на Македонија по средбата со градоначалникот Ацо Ристов и претседателот на велосипедскиот клуб “Бел Камен” од Радовиш, Ристе Кукутанов.

Прочитај повеќе

Радовиш

За прв пат во Радовиш отворен Центар за психосоцијална поддршка на жртви на семејно насилство

Media Press

Published

на

Жртвите на семејно насилство  од општините Радовиш и Конче отсега ќе можат да се обратат за помош во Центарот за психосоцијална поддршка на жртви на семејно насилство кој денеска беше отворен во зградата на поранешниот факултет во центарот на Радовиш. Како активност од втората компонента на проектот „Достапни и ефикасни, дигитални и социјални услуги на општините Радовиш и Конче“ беше отворен овој „Центар за поддршка на жени“. Носител на Проектот е УНДП и Бирото за регионален развој, а финансиски поддржан и од двете општини Радовиш и Конче на иницијатива и во соработка со здружението Женска акција од Радовиш.

Градоначалникот Ацо Ристов изрази благодарност до УНДП, до Бирото за регионален развој и до здружението „Женска акција“ за реализацијата на овој проект. Тој се надева дека нема да има потреба многу да се користи, но во случај да има потреба, жртвите можат да се обратат за помош, било да се работи за жени или за мажи.

Вакви центри во Македонија има 11 меѓу кои и центарот во Радовиш, според УНДП целта не е само да им се помога на жртвите туку и да се работи на превенција, рече Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на УНДП.  

Центарот е отворен во соработка со Женска акција од Радовиш и во него, психосоцијална поддршка на жртвите ќе дава психологот Кристина Коцева,   како и помош во посредство помеѓу институциите. Истиот ќе биде отворен секој ден од 09 до 17 часот.

Вредноста на Проектот е 3.600.000 денари, од кои УНДП и Бирото за регионален развој како носители, учествуваат со 2.600.000 денари и општините Радовиш и Конче со 1.000.000 денари.   

Центарот е отворен во склоп на 16 дена активизам против родовобазирано насилство, глобална акција која започнува на 25 ноември и завршува на 10 делември , рече Иванка Соколова од Женска акција која даде голем придонес во отворањето на овој центар и практично беше иницијатор на поектот.

Прочитај повеќе