Connect with us

Радовиш

20-годишно јубилејно постоење и работа со лица со интелектуална попреченост на Дневниот центар Порака од Радовиш

Media Press

Published

на

Дневниот центар за работа со лица со интелектуална попреченост Порака од Радовиш денеска одбележа 20-годишно јубилејно постоење и работа со оваа категорија на граѓани. Во присуство на повеќе гости, пријатели и поддржувачи, активистите се потсетија на почетоците и каков пат изодиле за да се дојде до денешниот современ дневен центар.

Почетоците беа тешки започнавме во онаа стара барака која ни е во близина и немавме никакви услови, но благодарение на поддршката од Општина Радовиш ја добивме оваа зграда која благодарение на наши поддржувачи ја претворивме во еден прекрасен дневен центар со сите услови каков што е денеска“, рече Татјана Костадинова – раководител на ДЦ Порака, Радовиш.

Претседателката на ДЦ Порака, Радовиш, Виолета Србакова ги спомна сите досегашни претседателки – жени, кои во текот на годините дале свој придонес за развој на дневниот центар.

 По првата претседателка Снежана Чачарова, се промениле уште неколку претседателки на Дневниот центар Порака, д-р Лилјана Сусинова, Благица Долдурова и Катерина Фурунџандова.

Благодарност во вид на повелба која ќе стои закачена на ѕидот во Дневниот центар и беше посветена на Виолета Чаева Димоска како идеен творец на дневните центри и социјалните клубови  за лица со интелетуална попреченост ПОРАКА.  

По повод 20 -годишното постоење на дневниот центар Порака свое обраќање исполнето со емоции имаа и градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов како и  поранешниот управител на рудникот Бучим Николајчо Николов.

Во името на двата рудника Бучим и Боров Дол честитки за 20-годишниот јубилеј посака и прес -секретарот Кристина Крстева, која притоа спомна дека како и досега што го поддржувале овој Дневен центар, така и годинава донирале целосна реконструкција на фасадата на зградата на дневниот центар Порака, со термоизолација за заштита од влага.

Радовиш

Пронајден човечки труп на планината Плачковица во атар на село Козбунар, радовишко

Media Press

Published

на

Пронајден човечки труп на планината Плачковица во атар на село Козбунар, радовишко. Вчера во 14.50 часот во Полициската станица Радовиш, З.Н. од Радовиш пријавил дека на планина Плачковица, на место викано „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, радовишко, бил пронајден човечки труп.

Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот бил даден на обдукција, информира СВР Струмица, ПС Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Претставени резултатите од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи во Општина Радовиш

Media Press

Published

на

Претставени резултатите од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи, состојбата на екосистемот и можностите за подобрување на биодиверзитетот во Општина Радовиш, на организиран настан во салата за состаноци во општинската зграда.

Овој настан беше органзиран од страна на Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) за „Теренска имплементација на решенија засновани врз природата“ – Презентација на прелиминарните резултати од намалувањето на ризици од катастрофи и анализа на екологијата во Радовиш во рамките на проектот   АДАПТ, организиран  во  партнерство  со  Министерството  за  животна  средина  и просторно планирање и Центарот за управување со кризи.

Проектот работи на зголемување на отпорноста на екосистемите и заедниците на климатски промени и ризици од катастрофи со примена на решенија засновани врз природата во шест држави од Западен Балкан.

На настанот се преставија прелиминарните резултати од анализите за намалувањето на ризици од катастрофи, состојбата на екосистемот и можностите за подобрување на биодиверзитетот, анализата на живеалиштата и препораки за имплементација на мерки за решенија засновани врз природата за имплементација на локацијата во Радовиш, информираат од општината.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина Радовиш ја доби Европската ознака за извонредно управување

Media Press

Published

на

На девет општини од Македонија, шест од Косово и три од Хрватска вчера им беше доделена „Европска ознака за извонредно управување” од страна на Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА). Како што е наведено, овие девет општини учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа, при што покажале високо ниво на усогласеност со 12-те начела за добро демократско управување на Советот на Европа.

Деветте општини кои ја добија „Европската ознака за извонредно управување” во земјава се: Аеродром, Берово, Битола, Виница, Куманово, Неготино, Новаци, Радовиш и Штип учествуваа во проектот и успешно го спроведоа процесот на самооценување на нивната работа. Воедно покажаа високо ниво на усогласеност со 12 начела за добро демократско управување на Советот на Европа, заедно со три општини од Хрватска и шест од Косово.

Во обраќање на настанот министерот за локална самоуправа Ристо Пенов нагласи дека многу е важно што станува збор за стандарди на Советот на Европа и што целиот процес го води оваа организација.

На настанот се обрати и претседателот на АЛДА, Оријано Оточан, кој го објасни целиот процес на усвојувањето на 12-те принципи на асоцијацијата.

„Европската ознака за извонредност на управувањето“ е воспоставена од Советот на Европа, а почнувајќи од 2021 година, АЛДА e акредитирана организација да го спроведува проектот во Македонија, Хрватска и Косово.

Прочитај повеќе