Connect with us

Гевгелија

Лишени од слобода две лица од Струмица кои краделе во гевгелиско

Media Press

Published

на

Вчера во 16.00 часот во Гевгелија полициски службеници од Полициската станица Гевгелија ги лишиле од слобода Ј.А.(27), Б.Р.(24) и еден малолетник, сите од Струмица. Тие се сомничат дека во текот на денот извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што од пумпна станица сопственост на АД Водостопанство на РСМ-подружнца Јужен Вардар Гевгелија одзеле повеќе предмети. Кај нив биле пронајдени одземените предмети.

Лицата биле задржани во Полициската станица Гевгелија и за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Гевгелија

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Media Press

Published

на

Вчера во 11.30 часот на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на клучка Миравци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Ј.И. (26) од Скопје, затоа што со возило „алфа ромео” со швајцарска национална ознака, превезувал осум лица мигранти (шест од Сирија и две од Пакистан). Претходно, на автопатот кај место викано „Одмаралиште“, тој со возилото не застанал на знак за запирање даден од полициските службеници, но набргу бил запрен и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против Ј.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Сарамандов: И покрај предизвиците и проблемите, реализирани повќе капитални проекти

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов во својот отчет по повод едногодишниот мандат вели дека и покрај предизвиците и наметнатите проблеми, реализирани биле повќе капитални проекти.

„Измина една година откако ја презедов функцијата Градоначалник на општина Гевгелија. На Локалните избори, во 2021 година, добив силна поддршка од граѓаните која ме обврза да работам посветено и во интерес на граѓаните на општина Гевгелија. Во годината која измина, се соочив со многу непредвидени ситуации и предизвици, но, истовремено 2022 година ќе биде одбележана и како година во која се реализираа повеќе капитални проекти на целата територија на општина Гевгелија. Реализацијата на овие проекти придонесе за подобрување на патната, комуналната и воопшто на целата инфраструктура во општина Гевгелија, истакна Градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, на вчерашната прес-конференција по повод изминатата една година од преземањето на градоначалничката функција. Во месец март, започна изградба на атмосферска канализација, во должина од 6.500 метри, во Гевгелија, која се протега на потегот од Динќут до Железничката станица, а веќе е изведена атмосферска канализација на две улици во Серменинско маало. Во 2022 година, Негорци доби нов водоснабдителен систем, а изградба на новиот цевковод, која е во завршна фаза, продолжува до населеното место Прдејци, во должина од 6.400 метри. Со поврзувањето на Негорци и Прдејци на водоснабдителниот систем на Гевгелија, жителите од овие населени места ќе го решат проблемот со водоснабдувањето. Во изминатата година, од Буџетот на Општина Гевгелија беа издвоени околу 16.700.000 денари за подобрување на патната инфраструктура“, стои меѓу другото во отчетот на градоначалникот Сарамандов.

Целиот отчет на следниот линк

https://www.facebook.com/https://www.facebook.com/%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%93%D0%B5%D0%B2%D0%B3%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0-625386377595598

Прочитај повеќе

Гевгелија

Со закана кон вработената одзел пари од аптека

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Т.А.(38) од Гевгелија поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот закон.

Имено на 06.11.2022 во аптека лоцирана на ул.„Слободан Митров Данко“ во Гевгелија со закана кон вработената одзел пари од дневниот промет.  
На 08.11.2022, со наредба на Основен суд Гевгелија, бил извршен претрес во дом и помошни простории кои ги користи пријавениот, при што биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, стои во информацијата од СВР Струмица.

Прочитај повеќе