Connect with us

Радовиш

После 15 години Радовиш доби контакт центар на ЕВН Македонија, во близина на градскиот пазар

Avatar

Published

на

Радовиш конечно доби контакт центар на ЕВН Македонија, кој денеска беше свечено отворен. Над 10 илјади корисници од Општина Радовиш ќе можат да поднесат секакви барања, за кои досега морале да патуваат до Срумица, барања за нов корисник, за фотоволтаици, за некаков проблем, за добивање на информации и за други потреби.

Засега ќе се  поднесуваат само барања, а во иднина доколку има потреба ќе се воведе и наплата на фактури, велат од контакт центарот.

Градоначалникот Ацо Ристов кој во изминатите месеци се заложи за отварање на овој контакт центар, се заблагодари на ЕВН што им излезе во пресрет на граѓаните.

„Отсега граѓаните нема да патуваат до Струмица за обични барања, тоа ќе можат да го направат овде во контакт центарот. Поминавме неколку месеци во преговори со ЕВН и конечно денеска го отворивме овој центар, на задоволство на граѓаните од двете општини Радовиш и Конче“, рече градоначалникот Ристов на денешното отварање.

 После 15 години,  од денеска граѓаните од општините Радовиш и Конче ќе можат да ги завршуваат своите потреби преку контакт центарот на ЕВН, лоциран во центарот на градот на улица 15 -ти Корпус, во близина на градскиот пазар.

Радовиш

Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна

Avatar

Published

на

Долгoгодишното искуство за правење на вино, силната винска страст и поволните климатски услови во радовишкото поднебје, придонесоа за отворањето на Винарија Кукутанов, која веќе на самиот почеток со своите високо квалитетни вина се наметнува на домашниот и регионалниот пазар.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, Винарија Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која тек ќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатите Шардоне и Р’кацители, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто. Уникатноста и квалитетот на Кукутанов вината се нивен заштитен знак, а оние кои еднаш ќе ги пробаат им остануваат верни.

Прочитај повеќе

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе